Милан Мариќ, Вук Костиќ и уште 6 најпосакувани ергени во Србија

Млади се, згодни, успешни и не се во брак, а жените воздивнуваат по нив. Едни имаат бурно љубовно минато, други го кријат приватниот живот и јавноста не знае дали се во врска и со кого... Кои се најпосакуваните ергени во Србија?

milan-marikj-vuk-kostikj-i-ushte-6-najposakuvani-ergeni-vo-srbija-01_copy.jpg

Актери, спортисти, водители и музичари се меѓу најпосакуваните мажи во Србија. Жените не можат да одолеат на нивниот шарм, насмевката, прекрасните очи...  

Многу од мажите по кои жените воздивнуваа се оженија низ годините, но голем дел и понатаму не се во брак.

Ви ги претставуваме осумте најпосакуваните ергени во Србија....

Вук Костиќ

За љубовниот живот на шармантниот актер медиумите пишуваа често.

Вук четири години беше во врска со актерката Бојана Стефановиќ, потоа се гледаше со манекенката Ивана Станковиќ, како и со водителката Ана Михајловски.

Голема љубов му беше и Александра Поповиќ, која по две години врска со Костиќ се омажи за друг.  

Стефан Здравковиќ

Пејачот Стефан Здравковиќ, кој е познат под уметничкото име „Принцот од Врање“, стана миленик на женската публика кога се појави на „Беовизија“.

Оттогаш му се зголеми бројот на следбеници на Инстаграм.

Овој поранешен каратист е во врска со Катарина Бабиќ со која често споделува фотки на социјалните мрежи.  

Милан Мариќ

Актерот кој се прослави со улогата на Тома Здравковиќ веќе неколку години важи за еден од најпосакуваните српски ергени.

Во времето кога се прикажуваше филмот, се шпекулираше дека Милан наводно е во врска со Јелена Павловиќ, која е 19 години постара од него, а работи како директорка.

Откако ја прекинаа врската, Милан наводно почна да се гледа со актерката Миа Бјелогрлиќ, ќерката на Драган Бјелогрлиќ.

Богдан Богдановиќ

НБА ѕвездата Богдан Богдановиќ е миленик на жените.

Живее во САД и американските медиуми постојано го поврзуваат со различни девојки, но тој ниедна од нив не ја претставил јавно како своја партнерка.

Богдан беше во врска со актерката Јована Стојилковиќ до 2017 година, а потоа беше во љубов и со тенисерката Олга Даниловиќ, но раскинаа во 2020 година.

Уште четири ергени на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава