Николија искрена за естетските корекции: „Се каам што ги оперирав градите, а усните ми се деформираа од имплантите“

„Честопати се прашувате дали сум направила една или сто и една естетска корекција, па одлучив да бидам искрена со вас и да ви откријам за што се каам, а за што не“ - со овие зборови српската пејачка Николија Јовановиќ ги започнува своите видеа на ТикТок, каде зборува за своите искуства со естетските корекции.

nikolija-iskrena-za-estetskite-korekcii-se-kaam-za-nekoi-od-operaciite-no-popravkite-bi-ostavile-mnogu-luzni-01_copy.jpg

Николија Јовановиќ, како ќерка на српската фолк пејачка Весна Змијанац, израсна пред очите на јавноста, а во последно време привлекува внимание со својата музичка кариера, но и со бракот со Реља Поповиќ.

За неа честопати се коментира за тоа колку естетски операции направила, па пејачката одлучи да биде во целост искрена и да открие што коригирала на себеси и за што се кае, а за што не.

Таа објави подолго видео на ТикТок, кадешто отворено зборува за тоа што променила кај себеси, а во описот ги замоли луѓето да се воздржат од коментари за тоа дали е убава или грда, затоа што тоа не е темата на видеото.

„Сакам да откријам за што се каам, а за што не. Прво нешто што коригирав, беа градите. Имав многу голем комплекс затоа што бев рамна како штица. Таа операција во 20-тите години направи да се чувствувам убаво во сопственото тело.

Но, сега во 30-тите никогаш не би вградила силикони, и, да можам да го вратам времето, никогаш не би ја направила таа операција, затоа што мислам дека природните гради се најубави и дека имплантите се непотребни.

Мене лично малите гради поубаво ми изгледаат од поголемите и мислам дека во овие години би имала многу самодоверба и да ми останеа градите какви што ми беа. Поправката би можела да остави голем број лузни, затоа можам да кажам дека се каам за тоа“ – вели Николија.

Освен што вградила силикони на градите, Николија призна дека додека била многу млада, вградила импланти и на усните, а исто така имала и операција на носот.

Како што рече, операцијата на носот морала да ја направи затоа што имала девијација, а не затоа што сакала да направи естетска корекција, додека за операцијата на усните, вели дека се кае.

„Втората глупост што ја направив и за среќа ја поправив колку што можев, беа усните. Како девојче, заради некоја глупава мода, во своите преубави усни ставив метакрил.

Тој со текот на времето се изобличи и изгледав како патка. Минатата година имав хируршка интервенција за да го извадам целиот вештачки материјал од усните и сега тие се речиси природни, како што беа“.

Пејачката откри дека во моментов има трајна шминка на усните, а се кае и за тоа што уште во средно образование си ги уништила веѓите со кубење, па сега ѝ е направено трајно исцртување на веѓи.

Прочитајте и Пред Реља била во врска со кошаркар од Нигерија, си го смени личниот опис со операции – Животната приказна на Николија Јовановиќ

Погледнете го во продолжение видеото на Николија:

https://www.tiktok.com/@nikolijaofficial/video/7224041384007781638?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7106495311258060294

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Една од најубавите Србинки откри како успева набрзина да ослабе: „За жал, лебот не ни е пријател“ Актерката Јелена Гавриловиќ (41) е многу посветена кога станува збор за тренинзи...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...
Данијела Димитровска се забавува во Дубаи, откако првпат прозборе за помладиот дечко: „Ми падна вили... „Се сеќавам, ја спуштив главата за да видам нешто на масата и во моментот кога ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg