Пар од Нови Сад води живот од соништата - патуваат низ светот и по 6 месеци годишно (фото)
- Детали
- четврток, 18 мај 2023
Ивана и Горан Бабиќ од Нови Сад се запознале во 2011 година, се вљубиле и веќе години наназад го живеат својот сон. Тие поминуваат и по 6 месеци во текот на една година патувајќи низ светот.
Ивана и Горан Бабиќ од Нови Сад се вљубеници во патувањата, кои авантурите ги споделуваат со своите 121.000 следбеници на Инстаграм.
Секој слободен миг го користат за посета на некоја нова земја, а секој потрошен денар на патување го сметаат за вложен во нешто корисно.
На Инстаграм се потпишани како „Travel par“, a се запознале во 2022 година и одлучиле да стават точка на канцеларискиот живот и работа од 9 до 17 часот.
База за живот им е Нови Сад, но се случува во една година и по 6 месеци да бидат на патувања низ светот. Секогаш „ловат“ евтини билети за авионски летови и гледаат да патуваат на економичен начин.
„Најважно е да гледате да не патувате за време на празници или во ек на сезона“, советуваат тие како трик за заштеда при купување на авионски билети.
Велат дека некогаш одат таму каде што сакаат, а некогаш таму за каде во моментот нашле најевтини билети.
Од Виетнам до Малдиви и Шпанија, тие имаат посетено огромен број земји. Извесен период имаат патувано и со комбе.
Погледнете како изгледа нивниот авантуристички стил на живот:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





