Баба ѝ е најбогатата жена во Хрватска, му раскина на бившиот за да не ја контролира – Која е Теа Славица, една од најубавите девојки во Хрватска? (фото)

„Да сакав некој да ме контролира, со мене во пакет ќе имаше далечински управувач“. Со овие зборови, убавата Хрватка ги коментираше написите за нејзиното раскинување со познатиот фудбалер. Баба ѝ е најбогатата жена во Хрватска, а Теа Славица плени со својата вонвременска убавина.

baba-i-e-najbogatata-zhena-vo-hrvatska-ne-saka-mazhi-shto-ja-kontroliraat-koja-e-tea-slavica-edna-od-najubavite-devojki-vo-hrvatska-foto-01.jpg

Теа Славица е поранешна манекенка, за која јавноста во Хрватска дозна откако таа започна врска со еден од најпознатите поранешни фудбалери на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ. Но, благодарение на вонвременската убавина и фотографиите што ги објавува, оваа млада девојка постојано го привлекува вниманието на тамошната јавност.

Нејзините следбеници постојано имаат можност да ги видат фотографиите што таа ги објавува од луксузните патувања и животот на висока нога што го живее, а со оглед на тоа што таа е внука на најбогатата жена во Хрватска, воопшто не зачудува тоа што Теа на возраст од само 23 години може да си го дозволи.

Имено, Теа е внука на Зденка Инфелд, сопственичката на Thomastik – Infeld, најголемиот светски производител на жици за гудачки инструменти.

Од објавите што Теа ги споделува на Инстаграм може да се види дека таа израснала под големо влијание на нејзината баба, па е љубител на уметноста, но од неа очигледно ги наследила и бунтовниот карактер и смелоста.

Убавата Хрватка неодамна дипломираше Меѓународни бизнис студии на Rochester Institute of Technology во Загреб, а своевремено привлекуваше внимание заради врската со поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ.

Нивното раскинување во 2019-та година привлече огромно внимание, откако таа даде кратка изјава за медиумите во која напиша:

„Бруно Петковиќ отсега е слободен дечко“.

Додека сите шпекулираа за причините заради кои убавиот хрватски пар одлучил да се раздели, таа на Инстаграм напиша:

„Да сакав некој да ме контролира, со мене во пакет ќе имаше далечински управувач“ – напиша таа, а пренесоа хрватските медиуми.

Бруно, по ова ја започна врската со шест години повозрасната водителка Ива Шариќ, која од претходниот брак имаше две деца. Тие двајца минатата година го добија синот Адријан, а многумина коментираа дека Ива премногу наликува на неговата претходна девојка.

Откако раскина со него, Теа не открива дали е во врска со некого, но затоа редовно објавува фотки од патувања, во бикини, или со коњите кои очигледно се нејзина голема љубов.

Погледнете повеќе фотографии од Теа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ: „Само во недела се опуштам, ќе изедам бурек, па 3 дена плачам - Баба ми знае да ми каж... „Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекарница ...
Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Теа Таировиќ во посета на Скопје – Калиопи ја шета низ плоштад, таа признава дека не излегува од дом... „Уште кога првпат те видов на сцена, си реков ова е многу искрена и интелигентна...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...

Најчитани неделава