Никола Јокиќ има богатство од 50 милиони долари - на што ги троши парите?

Најдобриот српски кошаркар во моментов и една од најголемите NBA ѕвезди, Никола Јокиќ, се проценува дека има богатство од 50 милиони долари. Иако купува коњи и брзи автомобили, тој сепак не се расфрла со парите и живее скромно за ѕвезда од негов ранг.

obozhava-brzi-lamborghini-poseduva-6-konji-i-skromna-kukja-na-shto-go-troshi-nikola-jokikj-bogatstvoto-od-30-milioni-dolari-01.jpg

Српскиот репрезентативец и еден од најдобрите NBA играчи во моментов, Никола Јокиќ, на почетокот на сезоната 2022/23 потпиша петгодишен договор со Denver Nuggets, во висина од 264 милиони долари. Овој договор, но и шампионската титула значително ќе го зголемат неговото богатство.

И покрај тоа, популарниот кошаркар важи за скромно момче кое не се расфрла со пари.

На што ги троши Јокиќ милионите што ги заработува?

Никола Јокиќ од дете сакал да биде џокеј, но детскиот сон не можел да си го исполни поради неговата висина и тежина, кои не одговараат за оваа професија.

Откако почна да заработува милиони, Јокиќ купува и коњи. Досега поседува шест, а планира да купи уште еден наскоро.

„Без разлика дали ќе победиме или изгубиме во финалето на NBA, ќе си купам нов коњ“, рече Јокиќ неодамна.

Познатиот кошаркар има и импресивен возен парк.

Никола во својот возен парк има Lamborghini Aventador S., Mercedes-Benz AMG G 63 Brabus 800 SUV, Porsche Panamera 4S, GMC Yukon Denail, Lamborghini Huracan и Lamborghini Urus.

obozhava-brzi-lamborghini-poseduva-6-konji-i-skromna-kukja-na-shto-go-troshi-nikola-jokikj-bogatstvoto-od-30-milioni-dolari-02_copy_copy.jpg

Јокиќ, кој е познат по тоа што не сака претерано големи работи, живее во нормална куќа, која се смета дека е скромна за стандардите на ѕвезда од негов калибар.

Според американските медиуми, куќата на Јокиќ во Денвер се проценува на околу 2,4 милиони долари.

Кога се преселил во Америка, Никола живеел во стан кој го делел со своите браќа Страхиња и Немања, а подоцна во станот со нив се преселила и неговата сопруга Наталија, која му била девојка во тоа време.

Кошаркарот гради и куќа во родниот Сомбор.

obozhava-brzi-lamborghini-poseduva-6-konji-i-skromna-kukja-na-shto-go-troshi-nikola-jokikj-bogatstvoto-od-30-milioni-dolari-06.jpgфото: Strange buildings

Јокиќ заработува по околу 750.000 евра годишно од спонзорски договори.

Тој има договор со Nike, Western Union и Panini.

Прочитајте и Никола Јокиќ, скромното момче од Србија кое стана најголема NBA ѕвезда, но семејството му е на прво место (фото+видео)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Куќа од 390 квадрати вредна 1,3 милиони евра - Северина купи нов дом во елитна населба во Загреб Хрватската ѕвезда Северина наскоро ќе го напушти пентхаусот во Загреб, каде што ...
Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на... Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победи...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Заработува 100.000$ годишно, со Јокиќ летуваа вo Црна Гора за 120€ (по вечер) - Што работи сопругата... Малкумина знаат дека Наталија Јокиќ не живее само од парите на сопругот, кој год...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава