Го гаѓале Никола Јокиќ со ножеви, едниот си ја давел девојката, се однесуваат како мафијаши: Кои се браќата на познатиот кошаркар?
Немања Јокиќ е роден 1984 година. Тој е најнизок од тројцата браќа (198cm), но играл кошарка за универзитетскиот тим на Detroit Mercy.
Ја оставил кошарката за да биде ММА борач. Имал успешен старт на боречката кариера, со три победи во првите три натпревари.
Но, по ова почнал да губи, па решил да се откаже и од овој спорт.
Иако не е крупен како Страхиња, и него го следи репутација на „тепач“, па со својот постар брат често се покрај теренот додека игра Никола, подготвени да влезат на терен и да се степаат.
И покрај нивниот избувлив карактер, Никола постојано изјавува дека се блиски и дека токму тие двајца му помогнале полесно да се прилагоди на животот во Америка.
Кога Никола na 12 јуни 2023 ја освои шампионската титула во NBA со Denver Nuggets, браќата беа први кои се симнаа на теренот да му честитаат и делуваа како да се радуваат повеќе од него.
Прочитајте и Љубовната приказна на Никола Јокиќ - во сопругата се заљубил на прв поглед во средно, од бурмата не се одвојува ниту на терен
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





