Се ожени бившиот на Анастасија Ражнатовиќ - Ѓорѓе Кулиќ направи интимна свадба со 22-годишната девојка

Бившиот дечко на Анастасија Ражнатовиќ, бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, се ожени со 22-годишната Мила Радојевиќ, една и пол година откако раскина со ќерката на Цеца.

se-ozheni-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-gjorgje-kulikj-napravi-intimna-svadba-so-22-godishnata-devojka-01.jpg

Бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ на 15 јуни се ожени со Мила Радојевиќ, една и пол година откако ја раскина петгодишната врска со Анастасија Ражнатовиќ. Тие направија интимна свадба во кругот на најблиските роднини и пријатели.

se-ozheni-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-gjorgje-kulikj-napravi-intimna-svadba-so-22-godishnata-devojka-02.jpg

Според српските медиуми, Ѓорѓе и Мила не сакале јавноста да дознае за нивната свадба, но таткото на невестата, Слободан Радојевиќ, објави нивна фотка на Инстаграм.

Мила носи кратка бела венчаница со панделка на стомакот, а Ѓорѓе е облечен во елегантен тегет костум со бела кошула, без вратоврска.

За Мила не се знае многу во јавноста, освен дека неодамна наполни 22 години и дека има постара сестра, Николија, која е пејачка.

Парот во мај 2023 објави дека чека бебе и на забава за откривање на полот, која се одржа на јахта, Мила и Ѓорѓе дознаа дека ќе добијат ќерка.

se-ozheni-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-gjorgje-kulikj-napravi-intimna-svadba-so-22-godishnata-devojka-05.jpg 

Тие се во врска повеќе од една година и во овој период често патуваа заедно.

Ѓорѓе и Мила еден период живееја во Црна Гора, а потоа заедно се преселија во Чикаго, каде што тој има свој бизнис со транспорт.

Ѓорѓе во САД со уште неколку пријатели купил еден камион, а денес имаат своја компанија со над 100 камиони.

se-ozheni-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-gjorgje-kulikj-napravi-intimna-svadba-so-22-godishnata-devojka-06.jpg

Ѓорѓе во последните години живее на релација САД – Србија, па според медиумите, токму оддалеченоста била причина за разделбата со Анастасија.

Анастасија и Ѓорѓе беа заедно 5 години, и додека сите очекуваа дека наскоро ќе стапат во брак, парот се раздели и секој тргна по својот пат.

Анастасија по раскинувањето со Ѓорѓе почна врска со фудбалерот Немања Гудељ, а Ѓорѓе со Мила Радојевиќ.

Инаку, Мила Радојевиќ е сестра на српската пејачка Николија Радојевиќ, а таа и Анастасија во една пригода заедно биле во Дубаи каде се зближиле и станале блиски пријателки.

Прочитајте и Бившиот на Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Кулиќ, објави дека чека ќерка - ќе добие принова во исто време со пејачката

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава