Бившиот на Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Кулиќ, објави дека чека ќерка - ќе добие принова во исто време со пејачката

Ѓорѓе Кулиќ во САД прво купил еден камион, а денес има своја компанија со над 100 камиони и живее на релација САД – Србија. Поранешниот дечко на Анастасија Ражнатовиќ, со кого таа беше 5 години во врска, откри дека очекува ќерка со неговата девојка Мила Радојевиќ, со која живее заедно во Чикаго.

vo-isto-vreme-kje-stanat-roditeli-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-objavi-deka-cheka-kjerka-01.jpgфото: Telegraf.rs

Додека балканската јавност беше изненадена од веста за бременоста на Анастасија Ражнатовиќ, и нејзиниот поранешен дечко Ѓорѓе Кулиќ сподели убави вести. Тој наскоро ќе стане татко на девојче со неговата девојка Мила Радојевиќ.

vo-isto-vreme-kje-stanat-roditeli-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-objavi-deka-cheka-kjerka-02.jpg

Речиси во исто време кога Анастасија објави дека е бремена и дека очекува девојче, истото го направи и нејзиниот поранешен дечко Ѓорѓе Кулиќ, кој на социјалните мрежи објави видео од откривањето на полот на бебето.

Иако Инстаграм профилите на Ѓорѓе и на Мила се приватни, сепак српските медиуми објавија фотографии од откривањето на полот на јахта во Црна Гора, а според бојата на чадот се гледа дека и тие двајцата, како Анастасија и Немања, очекуваат девојче.

vo-isto-vreme-kje-stanat-roditeli-bivshiot-na-anastasija-razhnatovikj-objavi-deka-cheka-kjerka-03.jpg

Ѓорѓе и Мила еден период живееја во Црна Гора, а потоа заедно се преселија во Чикаго, каде што тој има свој бизнис со транспорт.

Според дел од српските медиуми, Ѓорѓе во САД заедно со уште неколку пријатели купиле еден камион, а потоа кога виделе дека од тој бизнис можат убаво да заработуваат вложиле и денес во своја сопственост имаат над 100 камиони кои работат со полна пареа.

Ѓорѓе во последните неколку години живее на релација САД – Србија, а како причина за разделбата со Анастасија ја наведоа постојаната оддалеченост.

Тие беа заедно 5 години и додека сите очекуваа дека наскоро ќе стапат во брак, парот се раздели, а потоа секој тргна по својот пат.

Анастасија ја започна врската со фудбалерот Немања Гудељ, а Ѓорѓе со Мила Радојевиќ.

Инаку, Мила Радојевиќ е сестра на српската пејачка Николија Радојевиќ, а таа и Анастасија во една пригода заедно биле во Дубаи каде се зближиле и станале блиски пријателки. 

561687_screenshot-18_iff.jpgНиколија и Мила Радојевиќ

Прочитајте и Цеца беше згрозена од нејзиното однесување на 14 години, спортистите ѝ беа слабост - Бурното љубовно минато на Анастасија Ражнатовиќ

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена... „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една ...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...

Најчитани неделава