Хит видео: Туристи играат оро на плажа во Босна и Херцеговина - полицаец им ја растури забавата

„Овој простаклак покрај море баш и не ми оди“, гласи еден од коментарите за видеото покрај Јадранското Море од Босна и Херцеговина, кое предизвика измешани реакции... 

viralno-video-turisti-igraa-oro-na-plazha-vo-bosna-policaec-im-ja-rasturi-zabavata-01.jpg

Туристи кои играат оро на плажата во Неум, Босна и Херцеговина, станаа вистински хит, откако видеото беше објавено на ТикТок. Неум е единствениот приморски град во Босна и Херцеговина.

Едни боси и во костими за капење, други со апостолки, со врзани марами околу телото или по кратки панталочиња, завртеа оро среде плажа.

Но, забавата им ја прекина полицаец, кој со рацете им сигнализираше дека треба да престанат.

Иако не се знае зошто дошол полицаецот, некои претпоставуваат дека причината за тоа е гласната музика и дека некој ги пријавил.

viralno-video-turisti-igraa-oro-na-plazha-vo-bosna-policaec-im-ja-rasturi-zabavata-02.jpg

Видеото предизвика спротивставени реакции. На едни им е симпатично, а други велат дека е смешно што полицијата реагира среде бел ден и растура добра забава без причина.

„А кому му пречи што играат на плажа?“, „Дошле гастарбајтерите на Јадран да играат оро“, „Баш убаво, уживајте“, „Се срамам што странци го гледаат ова“, „Можеби сум патриот, ама овој простаклак покрај море баш и не ми оди“, се дел од 700-те коментари на видеото.

viralno-video-turisti-igraa-oro-na-plazha-vo-bosna-policaec-im-ja-rasturi-zabavata-03.jpg

Видетот стана вирално и има преку 244.000 прегледи, па предизвика и бројни реакции на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото:

@hunterss52

#Neum #neum #kolo #balkan #foryou #fy #bosnia🇧🇦 #Bosna

♬ original sound - Hunter

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Вирално видео: Свештеник во Црна Гора го фрли крстот, па скокна во езерото Свештеник од Црна Гора стана вистински хит во регионот, откако на Твитер почна д...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Николина Пишек потврди дека нејзиниот сопруг бил со љубовницата кога починал - свекорот бесен ѝ се з... „Скоро сè што се пишуваше за Видоје по неговата смрт е вистина. Во приватниот ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg