Видеа со ајкули во Грција кружат на социјалните мрежи – На кои туристички места поточно се снимени?

Професорот по Биологија на универзитетот „Аристотел“ во Солун, Танасис Циклерас зборуваше за „појавата“ на ајкулите во грчките мориња и за видеата објавени на социјалните мрежи.

videa-so-ajkuli-vo-grcija-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-shto-da-napravite-ako-zabelezhite-ajkula-vo-grchkite-morinja-02.jpg

Како што посочи, во видеото снимено во Серифос, најверојатно станува збор за сина ајкула, која може да достигне должина од 4 метри и тежина од 250 килограми.

Видеото е снимено на брегот на Горбиа, карпест остров во делот на Кикладите во Егејското море, а ајкулата била снимена на 80 метри оддалеченост од брегот.

„Тоа е врвен предатор, како најголемиот дел ајкули. Може да нападне ако ја испровоцирате, иако не ги гледаме често.

Има бели ајкули во Егејското Море, но можноста да нападнат човек е минимална“ – вели тој.

videa-so-ajkuli-vo-grcija-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-shto-da-napravite-ako-zabelezhite-ajkula-vo-grchkite-morinja-03.jpg

Според него, ако случајно наидете на ајкула во грчките мориња, најдобро е да се држите настрана и да се потрудите да не ја провоцирате.

Инаку, во грчките мориња живеат околу 60 различни видови ајкули, кои најчесто не се опасни за луѓето и покрај тоа што се мошне големи.

„Најчесто се среќава големата ајкула која се храни со планктони и со ракчиња“ – појаснува Циклерас.

videa-so-ajkuli-vo-grcija-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-shto-da-napravite-ako-zabelezhite-ajkula-vo-grchkite-morinja-04.jpg

Ајкулите најчесто може да се забележат во водите на Јонското Море, во јужниот дел на островот Крит, во Коринтскиот Залив и околу Халкидики.

Инаку, во грчките мориња е забележан само еден напад врз човек од ајкула во 1951-ва година, кога 16-годишната Вада Пери од Крит, според медиумите од тоа време, била повлечена од ајкула додека пливала на плажата Мон Репо.

Прочитајте и Големи ајкули, делфини и китови – Какви животни живеат во морињата во Грција и каде можете да ги забележите?

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Која е најопасната ајкула во грчките мориња + Мапа на места каде се тврди дека имало напади врз луѓе... Во повеќе од 2.500 години само 17 пати бил пријавен напад од ајкула во грчките м...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Синот на Брена витка сарми, Неда Украден крши погача со внуките - Како се славеше Св. Архангел Михаи... Новак Ѓоковиќ не беше дома за славата, Неда Украден ја покажа богатата трпеза, а...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg