Големи ајкули, делфини и китови – Какви животни живеат во морињата во Грција и каде можете да ги забележите?

Дали треба да кревате паника доколку забележите перка од ајкула во близина на Родос, а каде треба да одите ако сакате да пливате со делфини или желки? Пет видови морски животни што живеат во морињата околу Грција и каде може да ги видите?

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-01.jpg

Сезонава главна тема се виолетовите опасни медузи што го окупираа крајбрежјето во Грција. Знаете ли кои други животни живеат во водите на Егејското и Јонското Море и каде можете да ги забележите?

Од морски животни што се на раб на истребување, до огромни ајкули, Грција освен што има прекрасни плажи и туристички и историски места, таа е совршена дестинација и за љубителите на морските видови.

Кои пет морски животни може да се забележат во водите околу Грција и дали треба да бидете внимателни со нив?

Средоземна фока – мечка

Станува збор за едно од најретките морски животни во Грција. Се смета дека во природата се останати само околу 600 живи средоземни фоки-мечки и вистинска реткост е да успеете да ги забележите.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-02.jpg

Секое откривање на нова колонија на средоземни фоки во Грција се чува во најголема тајност, со цел да се заштити овој загрозен вид животни.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-03.jpg

Сепак, посетителите на тематскиот морски парк на островот Алонизос во Егејското Море имаат можност да го видат и овој редок морски вид.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-04.jpg

Кит кашалот

Најголемото животно што живее во водите на морињата околу Грција е китот кашалот или најголемиот забест кит.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-13.jpg

Кашалотот може да достигне должина од околу 20 метри и тежина од 60 тони, а познато е дека живее во големи длабочини, па најчесто може да се забележат во средишните делови на Егејското Море.

Во периодот од мај до септември овие китови може да се забележат и покрај бреговите на островот Миконос.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-14.jpg

Делфини

Доколку имате желба да видите делфини во природа, тогаш ваша следна дестинација би требало да биде Коринтскиот Залив во Јонското Море.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-05.jpg

Мирните води на заливот дозволуваат полесно да се забележат овие брзи и темпераментни животни, но тие може да се забележат низ повеќе места во морињата околу Грција. 

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-06.jpg

Морски желки

Во водите околу островот Закинтос можете да очекувате да забележите поголем број морски желки, што често доаѓаат до копното за да положат јајца, а грациозно пловат низ морските води.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-07.jpg

Во периодот од мај до јуни тие најчесто се во близина на брегот и очекуваат да се приближат до плажата за да ги положат јајцата, а многу почесто можете да ги забележите на копното отколку во водата.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-08.jpg

Големи ајкули

Тие се втора по големина риба во семејството ајкули, но за разлика од некои нивни роднини што ги напаѓаат другите живи видови, овие морски животни се хранат со планктон и мали ракчиња.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-10.jpg

Во околината на Родос честопати може да се забележат заради нивните огромни перки, а нуркачите во овие предели уживаат да пливаат со нив.

golemi-ajkuli-delfini-i-kitovi-kakvi-zhivotni-zhiveat-vo-morinjata-vo-grcija-i-kade-mozhete-da-gi-zabelezhite-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 уникатни животни кои изгледаат нереално Кога ќе ги погледнете овие животни, сигурно ќе помислите дека митските еднорози ...
Кула од кал висока неколку метри, кошници на пчели: Неверојатни живеалишта што птиците и инсектите с... Знаевте ли дека постои вид термити кои живеат во огромни кули од кал што можат д...
Мал ној, маче најдено во гума – фотки од бебиња животни ќе ви го разубават денот Можеби не секој е љубител на животните, но речиси и да нема личност која не се „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg