Сите детали за мрачниот период низ кој минува Ана Николиќ - лице со лузни, обвиненија за сексуално малтретирање

Обвиненија за сексуално малтретирање, видео на кое се гледаат огромните лузни на лицето, аудио снимка во која моли некој да ја однесе кај бајачка за да ѝ помогне и секако јавните конфликти со менаџерот кој ја обвини дека е алкохоличарка и наркоманка... Сите скандали во кои се најде Ана Николиќ периодов.

site-detali-za-mrachniot-period-niz-koj-minuva-ana-nikolikj-lice-so-luzni-obvinenija-za-seksualno-maltretiranje-01.jpg

Српската пејачка Ана Николиќ некогаш важеше за една од најубавите и најталентираните жени на естрадата, а во последно време многу повеќе привлекува внимание со скандалите, отколку со новите песни.

Во последните неколку денови таа повторно е главна тема во српските портали и таблоиди откако се појави нејзина видео снимка со лузни на лицето, а на нејзина сметка беа упатени низа обвиненија.

Детали за сите скандали што ја „тресеа“ Ана Николиќ во изминатиов период:

Прво се огласи учесникот во ријалити шоуто „Парови“, Дарио Шогоровиќ кој тврдеше дека пејачката сексуално го вознемирувала, па дури се обидела да му ги соблече панталоните.

„Добив понуда преку луѓето од тимот на Ана Николиќ да се запознаеме и да поразговараме за потенцијална соработка. Сите однапред ме предупредија дека таа е малку специфичен лик, но не сфатив дека е толку многу специфична.

Таа дојде со својот тим, јас со мојот. Ние двајца седнавме сами на една маса. Се обидов со неа да воспоставам нормален разговор, но за жал неуспешно.

Цело време се однесуваше страшно и зборуваше само некои глупости со сексуална конотација“ – раскажува Дарио за српските медиуми.

Тој тврдеше дека во еден миг Ана станала и се нафрлила врз него, го допирала и сакала да му ги соблече пантолоните, а потоа почнала да му вели дека е мегаѕвезда и секогаш го добива тоа што го сака.

„Смрдеше на алкохол, а откако малку се смири ми рече дека никогаш во животот никој така не ја отфрлил“ – раскажува тој.

По обвиненијата раскажани во српските медиуми се огласи и Ана која ги демантираше овие пишувања.

„Ова навистина е недопустливо. За вакви обвиненија се оди во затвор, а тие што го советуваа овој маченик веќе биле таму. Сигурно убаво им е (во затвор). Ќе ги тужам сите“ – напиша таа на Инстаграм.

Додека сѐ уште не беа смирени страстите околу обвиненијата за сексуалното малтретирање, Ана се најде среде нов скандал. Taa на социјалните мрежи Ана соопшти дека ја прекинала соработката со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ, кого го нарече „нечовек“, а тој потоа ја обвини дека таа постојано консумира алкохол и опојни супстанции.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Ѝ го посветил животот, а денес не разговараат: Детали за нарушениот однос на Ана Николиќ и нејзиниот... „Брат ми беше долго покрај мене и му благодарам на тоа, ме поддржуваше, го живее...
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Ана Бекута е свекрва за пример - на бившата снаа ѝ остави куќа, откако таа се разведе од нејзиниот с... Ана Бекута е свекрва каква што секој ќе посака - иако нејзиниот син Игор се разв...

Најчитани неделава