„Свести се жено, имаш дете“ - Ана Николиќ ги загрижи фановите со изгледот (фото)

„Жено, прибери се, овој стил воопшто не ти одговара“ – стои во дел од коментарите до фотографиите што српската пејачка Ана Николиќ ги објави на социјалните мрежи. По пишувањата дека пејачката има проблеми со зависноста од алкохол, нејзините следбеници се видно загрижени.

ana-nikolikj-gi-zagrizhi-sledbenicite-so-fotkite-shto-gi-objavi-na-socijalnite-mrezhi-svesti-se-zheno-imash-dete-01.jpg

Српската пејачка Ана Николиќ (44) на подолго време се повлече од јавноста, но постојано наоѓа место во медиумите заради нејзините објави на социјалните мрежи.

Пред извесно време беше топ тема во балканските медиуми заради војната со помладата колешка Милица Павловиќ, а сериозно ги загрижи своите следбеници откако објави неколку необични фотографии на социјалните мрежи.

ana-nikolikj-gi-zagrizhi-sledbenicite-so-fotkite-shto-gi-objavi-na-socijalnite-mrezhi-svesti-se-zheno-imash-dete-02.jpg

Таа одлучи да објави повеќе фотографии на кои дотерана се влече по земја, со цигара во уста и со очила, а дел од нејзините следбеници го поставуваат прашањето дали таа е под дејство на алкохол и опојни супстанци.

Прочитајте и Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ

ana-nikolikj-gi-zagrizhi-sledbenicite-so-fotkite-shto-gi-objavi-na-socijalnite-mrezhi-svesti-se-zheno-imash-dete-03.jpg

Подолго време во српските медиуми се провлекува приказната дека пејачката има проблем со алкохолот и дека нејзините најблиски ја убедуваат да оди на рехабилитација, па така фотографиите објавени на Инстаграм предизвикаа лавина од коментари од нејзините следбеници кои се видно загрижени за нејзината состојба.

„Некој нека ѝ помогне, каде ѝ исчезнаа сите пријатели“.

„За жал овој стил и однесување ме потсеќа на Ејми Вајхаус. Толку талент и харизма, а пропаѓа... Се надевам дека конечно ќе се отргнеш и ќе сфатиш дека овој стил не ти одговара. Сакам да ја видам онаа старата Ана“.

„Баш ми е жал кога ќе видам како некој сам се упропастува, Ана, имаш дете, животот може да биде убав, немој да го правиш ова“.

„Ана, не е срамота сама себеси да си признаеш (дека имаш проблем) и да побараш помош од стручни лица“ – стои во дел од коментарите.

Инаку, за потсетување Ана Николиќ претходно беше во брак со српскиот музичар Стефан Ѓуриќ Раста, со кого ја има ќерката Тара (5).

Прочитајте и Факти за Раста - бившата сопруга Ана Николиќ со клуч му го уништи автомобилот, важи за српски крал на „Auto-Tune“ музиката

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
„Ќе го пријавам сопругот за силување“ - Нова драма на Ана Николиќ, неколку дена по свадбата на Малди... „Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. ...
Ана Бекута исвиркана во Чачак - Граѓани ја гаѓаат со топки снег, пее од комбе за да го заврши концер... „Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Каде е полицијата...
Ана Бекута е свекрва за пример - на бившата снаа ѝ остави куќа, откако таа се разведе од нејзиниот с... Ана Бекута е свекрва каква што секој ќе посака - иако нејзиниот син Игор се разв...
Ѝ го посветил животот, а денес не разговараат: Детали за нарушениот однос на Ана Николиќ и нејзиниот... „Брат ми беше долго покрај мене и му благодарам на тоа, ме поддржуваше, го живее...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg