Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ

Јавно призна дека осуден српски крминалец ѝ позајмил пари за да го сними првиот албум, со Николија направи спот што беше забранет за малолетници, а деновиве е топ-тема во српските медиуми заради конфликтот со Милица Поповиќ и украдената песна – факти за Ана Николиќ.

so-milica-pavlovikj-e-vo-konflikt-zaradi-pesna-poznat-kriminalec-i-ja-finansiral-karierata-fakti-za-ana-nikolikj-01.jpg

Српската пејачка Ана Николиќ (43) деновиве е топ-тема во српските медиуми заради конфликтот со нејзината колешка Милица Павловиќ. Двете пејачки најверојатно конфликтот ќе го решаваат по судски пат, а битката е заради песната Provereno.

Песната Provereno се најде на новиот албум на Милица Павловиќ и веднаш стана хит, а само неколку дена подоцна се појави демо снимка на YouTube на која Ана Николиќ ја изведува истата нумера.

Милица гостуваше во емисијата „Амиџи Шоу“ каде јавно ја обвини Ана дека ѝ ја украла песната.

„Срам да ѝ е заради името и заради кариерата.

Пред недела дена го почитував ликот и делото на Ана Николќ, ги сакав нејзините песни, а кога бев мала ја гледав неа на телевизија и се замислував себеси како таква ѕвезда.

Прво затоа што таа ја објави демо-снимката, а второ на својот канал на YouTube ја објави како своја песна“ – обвини Павловиќ.

Прочитајте и Мајка ѝ ја напуштила додека била 3-месечно бебе, шпекулации дека е невина – Факти за Милица Павловиќ, ѕвездата на „Певачица“

Ана и натаму продолжува да ја пее песната на настапите како своја, а вели дека за да се одговори на прашањето како песната завршила кај Павловиќ, треба да се консултира музичкиот продуцент.

„Станува збор за авторите, односно музичките продуценти затоа што тие се главни и одговорни во студиото кои ја нудат песната. Јас одам во студио и велам направете ми УСБ.

Мене никогаш порано не ми се случило да ми излезе една нота. Тоа е прашање за продуцентите“ – порача таа.

Инаку, ова не е првпат Ана да биде топ тема во медиумите заради скандали. Од нејзиниот брак со Раста, до тепачката со Манда Поповиќ, погледнете неколку интересни скандали во кои Ана била вклучена досега.

Ана Николиќ (43) е родена во Јагодина, а пораснала со мајка ѝ Миљана и братот Марко, а нејзиниот татко починал кога била мала. Детството го поминала во Параќин, каде завршила гимназија, а во Белград се преселила кога тргнала на факултет.

Освен што студирала дизајн во Белград, на музичката академија во Берлин, Ана усовршувала танц. Таа добро говори и грчки јазик, затоа што неколку години живеела таму.

Кариерата ја започнала на возраст од 18 години, кога почнала да настапува во познатите сплавови во Белград, а брзо успеала да се пробие на српската музичка сцена.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми с... „Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам са...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg