Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ

Нејзиниот спот за дуетот со Николија Јовановиќ, Milion dolara објавен во 2013-та година беше забранет за малолетници на YouTube затоа што е премногу провокативен.

so-milica-pavlovikj-e-vo-konflikt-zaradi-pesna-poznat-kriminalec-i-ja-finansiral-karierata-fakti-za-ana-nikolikj-03.jpg

Како со песните, Aна подеднакво привлекуваше внимание и со својот приватен живот. Таа призна дека на почетокот на кариерата била во врска со Радољуб Радуловиќ (Миша Банана) за кого рече дека бил љубов на нејзиниот живот.

Радољуб во 2011-та година беше осуден на затворска казна од 10 години во Белград заради шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа и оттогаш не е достапен за јавноста. Ана во една прилика призна дека токму тој ѝ помогнал да ја почне кариерата така што ѝ позјамил 100.000 евра за да го сними првиот албум.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Во 2013-та година Ана ги полнеше таблоидите заради тепачката со Црногорката Манда Поповиќ. Ана беше нападната од Манда, откако претходно во медиумите се појавија СМС пораки што наводно српската пејачка ги разменувала со Ќазим Османи (дечкото на Манда).

Ана откри дека наводно Манда влегла во нејзината хотелска соба и барала да знае која девојка се „смувала“ со нејзиното момче претходната вечер. По нападот Ана се здобила со лесни повреди, а веднаш интервенирала и брза помош.

https://www.instagram.com/p/CIf5SyCgVRZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Во 2016-та година Ана тајно се венча со Стефан Ѓуриќ Раста со кого ја доби и ќерката Тара. Таа самата говореше за сопствените љубоморни напади и затоа како со клуч му го гребела автомобилот, а парот се разведе во 2017-та година.

so-milica-pavlovikj-e-vo-konflikt-zaradi-pesna-poznat-kriminalec-i-ja-finansiral-karierata-fakti-za-ana-nikolikj-02.jpg

По бременоста Ана долго време се бореше со вишокот килограми, а подолго време се повлече од јавноста со цел да го поправи својот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми с... „Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам са...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg