Гест за почит! Градската плажа во Саранда обезбеди бесплатни чадори за сонце за туристите

Браво за властите во Саранда! „Во медиумите се појави иницијатива и другите туристички места да го следат примерот на Саранда со бесплатните чадори, а има и информација дека во ова место ќе почнат да се делат и бесплатни лежалки“, велат туристите кои се на летување во Албанија.

bravo-gradskata-plazha-vo-saranda-obezbedi-besplatni-chadori-za-sonce-za-turistite-01.jpg

Саранда, едно од најпознатите летувалишта во Албанија, ја опреми градската плажа со бесплатни чадори за сонце за туристите.

Меѓу сите лежалки и чадори за сонце кои се наплаќаат, сега постои можност туристите да користат и бесплатни чадори, кои се поставени на средината на централната плажа.

Информацијата за бесплатните чадори за сонце ја споделија и туристи на Фејсбук групата „Летување во Албанија“. Тие објавија фотографии од плажата полна со туристи.

„Градот Саранда, на градската плажа (која е бесплатна) обезбеди бесплатни чадори за сонце. Тоа се овие во окер боја. Браво Саранда!“, пишува во објавата.

bravo-gradskata-plazha-vo-saranda-obezbedi-besplatni-chadori-za-sonce-za-turistite-02.jpg

Ова предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, па оние што веќе биле на Саранда велат дека тоа е туристичко место со прекрасни плажи и убаво зајдисонце.

„Во медиумите се појави иницијатива и другите туристички места да го следат примерот на Саранда. А има и информација дека почнуваат да се делат и бесплатни лежалки“, стои во коментарите.

bravo-gradskata-plazha-vo-saranda-obezbedi-besplatni-chadori-za-sonce-za-turistite-03.jpg

Саранда е едно од најпопуларните летувалишта во Албанија, заедно со Ксамил и Валона, а го посетуваат и многу туристи од Македонија.

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Херојски потег: Келнер на плажа на Крит скока во море да спаси пливач кој се бори со морски струи (в... И додека секојдневно слушаме за трагедии на плажа, ова е една со среќен крај – к...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...

Најчитани неделава