Наташа Беквалац (42) во проѕирен аутфит гостуваше во емисија + Хит видео како реагира мајка ѝ на нејзините разголени изданија

Во проѕирен комбинезон, кој остава многу малку на имагинацијата, Наташа Беквалац (42) гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“. Говореше за тоа како се снаоѓа како мајка на ќерка во пубертет, а посебно внимание привлече и прилогот во кој нејзината мајка ја коментира голотијата по која е препознатлива ќерка ѝ.

natasha-bekvalac-42-vo-prodziren-autfit-gostuvashe-vo-emisija-kako-reagira-majka-i-na-nejzinite-razgoleni-idanija-video-01.jpg

Наташа Беквалац и Саша Матиќ неодамна ја објавија заедничката песна „Преваранти“, а по тој повод двајцата беа гости во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“, а новосадската барбика успеа да ги прикова гледачите пред малите екрани благодарение на провокативниот изглед.

natasha-bekvalac-42-vo-prodziren-autfit-gostuvashe-vo-emisija-kako-reagira-majka-i-na-nejzinite-razgoleni-idanija-video-02.jpg

Наташа во спотот со Саша Матиќ се појави во провокативно бикини и предизвика голем број позитивни коментари за својот изглед, а во емисијата се појави во целосно проѕирен комбинезон кој остави многу малку на имагинацијата.

Инаку, убавата пејачка, која е позната по своите провокативни изданија рече дека нејзината мајка ја критикува затоа што премногу се разголува пред малите екрани.

„Таа секогаш е незадоволна со мојата голотија“ – се насмеа Наташа.

natasha-bekvalac-42-vo-prodziren-autfit-gostuvashe-vo-emisija-kako-reagira-majka-i-na-nejzinite-razgoleni-idanija-video-05_copy.jpg

Инаку, во емисијата беше објавен и прилог со нејзината мајка, која ги коментираше аутфитите на нејзината ќерка.

Погледнете што мисли таа за нејзините модни изданија:

Инаку, убавата пејачка е мајка на две ќерки, а во емисијата откри како се справува со постарата ќерка Хана, која е во пубертет, но и со помалата ќерка Катја.

„Пубертетот на Хана не се стивнува, а Катја бара внимание 24/7. Мислам дека Хана и јас го истуркавме она најтешкото и сега малку се смиривме, бевме во фазата за која се чита во учебниците, ме нервираше штом ќе се разбудам, а и јас неа, бевме како куче и маче.

Мислам дека не сум строга со неа, но не може да прави што сака, може само тоа што е во границите на нормалата“ – вели таа.

На прашањето дали Хана ја интересира животот во јавноста, Наташа вели:

„Ќе славам кога Хана ќе заврши средно образование, затоа што не покажува интерес за ништо друго, освен за лесен живот и ја интересира само забава, но верувам дека тоа е само фаза“ – рече таа.

natasha-bekvalac-42-vo-prodziren-autfit-gostuvashe-vo-emisija-kako-reagira-majka-i-na-nejzinite-razgoleni-idanija-video-04.jpg

Инаку, Наташа меѓу другото го прокоментира и скандалот со Ана Николиќ. Таа во емисијата рече дека со колешката се во добри односи, иако долго време не се слушнале, а претходно на прес конференција за медиумите, таа даде поддршка за неа:

„Не е убаво така да зборувате, што ви значи тоа дека некој пропаднал?! Секој има добри и лоши моменти во животот, а најлесно е да се нафрлите на некого. Мислам дека тоа не е убаво“ – рече таа пред насобраните новинари.

natasha-bekvalac-42-vo-prodziren-autfit-gostuvashe-vo-emisija-kako-reagira-majka-i-na-nejzinite-razgoleni-idanija-video-03.jpg

Прашана за тоа кој ѝ бил најтешкиот период во животот, таа откри дека 5 години ѝ било многу тешко.

„Влегов во многу тешка ситуација, се срамев и трпев болка во секоја смисла. Многу ми беше тежок периодот околу несреќата на првиот сопруг и тоа можеби никогаш не го преболев. Имав голем број тажни мигови во животот“ – рече таа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
„Мајка ми безброј пати го напушташе татко ми и секогаш му се враќаше - немаше каде да оди“ „Веднаш некој од фамилијата ќе ѝ се јавеше и ќе ѝ речеше: „Дали си ти луда, каде...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Данијела Димитровска се забавува во Дубаи, откако првпат прозборе за помладиот дечко: „Ми падна вили... „Се сеќавам, ја спуштив главата за да видам нешто на масата и во моментот кога ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg