Која е најопасната ајкула во грчките мориња + Мапа на места каде се тврди дека имало напади врз луѓе (фото)

Што треба да направите доколку забележите ајкула во водата?

Според биологот Јанис Јовос кој даде изјава за грчките медиуми, помалите ајкули се поагресивни, па ако ги видиме веднаш мора да се тргнеме, но тоа да го направиме полека, а доколку сме на плажата и забележиме перка од ајкула, веднаш мора да ја известиме крајбрежната стража.

Според грчките професори само еден напад на ајкула може да се смета за делумно сигурен, за сите други нема сигурни податоци.

Вкупно, во повеќе од 2.500 години историја, постојат податоци за само 17 напади од ајкули, а голем дел од нив датираат од поновата историја.

Некои од нападите што биле повпечатливи во историјата се:

1. Во 1847-ма година 36-иот баталјон на бродот „Worcestershire“ кој пристигнал на островот Крф, загубиле 19-годишен војник кој бил нападнат додека пливал во северниот дел на островот.

2. Во 1903, бил пријавен напад на две лица на островот Крит;

3. Во 1948-ма бил регистриран напад од страна на огромна „риба куче“ врз рибар;

4. Во 1951-ва година на островот Крф, 16-годишна девојка била нападната од ајкула и го загубила животот, а нејзиниот дечко успеал да побегне. Воедно се смета дека ова е единствениот напад за кој постојат релевантни податоци;

5. Во 1956-та година 15-годишно девојче било нападнато од непознат вид ајкула;

6. На 1-ви јуни 1963-та година, австриската авторка и филолог Хелга Погл била проголтана додека пливала, на само 3 метри од брегот во Пагаситскиот Залив кај Волос. Очевидец тврдел, дека таа била нападната од голема бела ајкула;

7. Во истата област во 1981-ва година бил регистриран напад од ајкула врз австриски турист, но нема сигурни докази за тоа.

Детална мапа на местата каде што биле пријавени напади:

koja-e-najopasnata-ajkula-vo-grchkite-morinja-mapa-na-mesta-kade-se-tvrdi-deka-imalo-napadi-vrz-lugje-foto-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: newsbomb.gr



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...

Најчитани неделава