Јелена Розга нашла вознемирувачко писмо во хотелска соба - претходно обожавател ја демнел во Сплит и дошол пред нејзиниот дом

„Јелена доби порака што многу ја вознемири. Побара повеќе обезбедување, дури и рече дека таа ќе плати луѓе, само да се засили обезбедувањето кога ќе дојде на настап“ - рече близок пријател на Розга, откако таа нашла писмо од обожавател во хотелската соба.

jelena-rozga-nashla-voznemiruvachko-pismo-vo-hotelska-soba-prethodno-obozhavatel-ja-demnel-vo-split-i-doshol-pred-nejziniot-dom-01.jpg

Хрватската пејачка Јелена Розга, која важи за една од најфаталните познати жени во регионот, неодамна доживеала непријатност откако нашла писмо со вознемирувачка содржина во својата хотелска соба.

Во писмото наводно имало закани за нејзиниот живот, но таа не ја потврди информацијата.

Сепак, нејзин близок пријател за Kurir.rs рече дека Розга била вознемирена од содржината на писмото, до толку, што се исплашила за својот живот и побарала дополнително обезбедување од организаторите на концертот.

„Јелена доби порака во која пишуваше нешто што многу ја вознемири. Таа не сакаше никому, па дури ниту на својот менаџер, да му открие што пишува во писмото, ни да каже зошто е вознемирена и под стрес.

Само ги замоли организаторите да внимаваат и да има повеќе обезбедување околу себе. Дури и рече дека самата ќе плати луѓе, само да се засили обезбедувањето кога ќе дојде на настап“, вели неименуван извор за српскиот медиум.

Не е првпат Јелена да доживее непријатност со свој обожавател.

Пред неколку години обожавател ја демнел низ Сплит, па ноќе доаѓал на вратата од нејзиниот стан, по што пејачката морала да пријави во полиција и да побара заштита.

Наводно, оттогаш Јелена живее во страв за својот живот.

„Ова што се случи навистина ја потресе. Иако сите инсистираа да им каже за што се работи, таа само кажа дека сè е во ред, но дека понекогаш има обожаватели кои знаат да бидат малку понапорни“, додава истиот извор.

Тој вели и дека Јелена навистина се исплашила дека некој ќе ја повреди.

Розга, која ја почна својата кариера во групата „Магазин“, често настапува и во Македонија. Таа на 5 август 2023 ќе одржи концерт на ракометното игралиште во Битола.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...

Најчитани неделава