Поранешната „ураганка“ Ксенија Кнежевиќ за темната страна на шоу-бизнисот: „Бев загрижена за моето ментално здравје“

„Во еден момент почнав многу да се оптоварувам со сè и тоа ми стана психичка тортура. Во сите овие години имаше премногу физичка работа, патувања, неспиење. Си навлеков и здравствени проблеми“, вели пејачката Ксенија Кнежевиќ.

poraneshnata-uraganka-ksenija-knezhevikj-za-temnata-strana-na-shoubiznisot-bev-zagrizhena-za-moeto-mentalno-zdravje-01.jpg

Пејачката Ксенија Кнежевиќ, поранешна членка на групата Hurricane, по подолго време се појави во јавноста.

Таа гостуваше во „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ, па меѓу другото, раскажа и за проблемите со кои се соочувала, но и за темната страна на шоу-бизнисот.

„Морав навистина да се смирам, да направам пауза и да се пронајдам себеси. Во еден момент почнав многу да се оптоварувам со сè и тоа ми стана психичка тортура. Во сите овие години имаше премногу физичка работа, патувања, неспиење.

Си навлеков и здравствени проблеми. Па тироидната жлезда, па женските хормони, знаеш, како што одат работите.

И навистина ми требаше да побегнам од сето тоа на некое време. Не ми беше гајле дали тоа е добар потег за мојата кариера“, рече таа.

Ксенија пред околу една година ја напушти познатата женска група Hurricane, откако на неа, Ивана Николиќ и Сања Вучиќ им истече 5-годишниот договор со продуцентите кои ги споија.

Тие не сакаа да потпишат нов договор и да продолжат да пеат заедно, туку секоја реши да гради соло кариера.

Но, сега пејачката вели дека откако се распаднала групата, работите не биле такви какви што очекувала.

„Брзав да ја издадам првата соло песна и тоа некако ме спушти долу, се разочарав. Тоа беше една од причините зошто сакав да направам пауза. И верувај, тоа беше навистина само моја одлука“, додава таа.

Ксенија во шоуто призна и дека била на психијатар, кој многу ѝ помогнал.

„Бев загрижена за моето ментално здравје. И мислам дека повеќе ова не е табу тема и треба да се зборува за тоа“, вели пејачката, која е ќерка на еден од најпознатите црногорски пејачи, Ненад Кнежевиќ Кнез.

Прочитајте и „Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија од „Hurricane“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава