Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук Костиќ

Вук се трудеше колку е можно повеќе да го крие својот приватен живот од очите на јавноста. Но, факт е дека заради големиот број врски со познати српски дами, го доби прекарот „српски Дон Жуан“.

Во 2010-та година, Вук беше во врска со една девојка која се викаше Ана, па дури беше и верен со неа. Но, по една скандалозна изјава, парот стави крај на врската.

Вук гостуваше во емисијата „Балканском улицом“, каде зборуваше за тоа како реагира неговата девојка кога ќе ги види фотографиите во таблоидите на кои тој е фотографиран со други девојки, а посебно беше осуден затоа што рече:

„Неа да ја објавуваат, јас би ја застрелал со пиштол“.

Оваа изјава беше осудена од многумина, по што актерот излезе и рече дека погрешно бил разбран и дека бил подготвен да го даде животот за својата свршеница Ана, но тоа не помогна нивната врска да опстане.

Во 2020-та година фолк дивата Цеца, даде зелено светло за да се сними биографскиот филм за нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а како што рече, Вук е единствениот актер кому му верува дека може да ја толкува главната улога.

„Вук ми е пријател и мислам дека тој одлично би можел да го долови темпераментот на Жељко. Костиќ е многу талентиран и сигурно добро би му легнала таа улога“ – рече таа.

Иако ретко зборува за приватниот живот, актерот воопшто нема проблем да зборува за својата кариера и интимните сцени што имал можност да ги сними. Како што рече, најтешки му биле секс сцените со Нина Јанковиќ во првата сезона од серијата „Убице мог оца“, затоа што Нина се вкочанила.

„Ако еден актер се закочи, тогаш ниту другиот не може да функционира. Полесно ми е да скокнам од запалена зграда, отколку да имам интимни односи на филм.

Нема ништо од тоа ако партнерот се вкочани, затоа што имате две штици на снимањето. Чувството е непријатно затоа што има 300 луѓе кои гледаат само во вас“ – рече тој.

Тој откри дека такви проблеми немал за време на снимањето со колешката Јована Стојилковиќ, која е феноменална колешка и прекрасна актерка.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...

Најчитани неделава