Првата девојка го изневери со колега, игра со Рајан Рејнолдс во Deadpoоl – Што знаеме за Стефан Капичиќ, српскиот актер со холивудска кариера?
Заради кариерата често патува на релација Србија – САД, па така во 2015-та година имаше можност да ја толкува улогата на неговиот татко Драган Капичиќ во филмот „Bićemo prvaci sveta“, а во 2016-та ја толкуваше улогата на Колосус во хит филмот Deadpool со Рајан Рејнолдс.
Освен со својата кариера, Капичиќ во српските медиуми привлекуваше внимание и со својот приватен живот. Тој седум години беше во врска со хрватската манекенка Миранда Виѓак, со која почна да живее заедно, па дури и планираа брак.
Но, откако почнаа да се објавуваат написи дека Миранда го изневерила со неговиот колега Иван Херцог, Стефан одлучил да стави крај на врската.
Во 2014-та година, за време на снимањето на филмот „Zora dubrovačka“ се запознал со хрватската актерка и манекенка Ивана Хорват, која е 10 години помлада од него, а по околу година и пол врска парот се вери.
Тие двајца се венчаа во 2017-та година во интимна церемонија во Лос Анџелес, а во 2020-та година го добија синот Иван.
Стефан и Ивана деновиве го очекуваат своето второ дете, а убавите вести ги соопштија на социјалните мрежи, така што објавија повеќе фотки на кои убавата актерка позира со трудничкиот стомак.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео...
„Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Цеца на одмор во Шпанија: Плива во базен и пие коктели во луксузен клуб на плажа, каде се игра и мав...
Цеца ужива во луксузот на La Cabane by Dolce&Gabbana во Марбеља. Откако ја п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре...
„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б...
Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото)
Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан...
„После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...