Ѝ пречи кога зборуваат за нејзиниот изглед, а потрошила богатство за него - Колку се промени Теа Таировиќ од првиот настап?
- Детали
- недела, 27 август 2023
„Сè нешто се врти околу моите гради, како јас да сум единствената личност на светот што има вградени силикони“ – вели Теа Таировиќ (27) и признава дека ѝ пречи тоа што луѓето многу повеќе внимание посветуваат на нејзиниот изглед, отколку на нејзините песни. Колку пари потрошила пејачката за да си го промени личниот опис?
Теа Таировиќ е српска поп-фолк пејачка која најмногу внимание привлекува со својот неодолив изглед, а не крие дека вложила многу пари во себе и во своето тело.
Таа за првпат се појави во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“ уште во периодот додека беше во средно училиште, но тогаш не успеа премногу да се прослави.
Сепак, нејзината желба за успех била огромна, па иако се запишала на Факултет за психологија во Нови Сад, тоа не ја спречило уште еднаш да се пријави во шоуто за музички таленти и да се обиде да изгради кариера.
Дуетот со Шабан Шаулиќ од 2017-та година и песната „Ајде“ од 2020-та година што за неа ја напиша Сања Вучиќ, направија Теа Таировиќ денес да го носи епитетот „кралица на бакшишот“.
Но, ако се суди според фотографиите и видео снимките од периодот кога таа ја започнала кариерата, со нејзиниот денешен изглед, јасно е дека пејачката во последните неколку години работела напорно за да го промени својот личен опис.
Прашана за тоа што сè направила за да го промени личниот опис, Теа само накратко одговори во една пригода:
„Како изгледавте вие кога имавте 13 години? Бев дете. Поминаа години и години оттогаш“ – изјави таа.
Таа не крие дека направила операција на градите, а тврди дека ја нервира тоа што сите многу повеќе гледаат во нејзините гради и заради тоа добиваат погрешен впечаток за неа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





