Затрупани куќи и автомобили – Апоколиптични глетки од поплавите во Словенија

„Ова изгледа нереално“, „Сега ми е јасно како цели градови останале избришани, страшно“ - стои во дел од коментарите на видеото на кое се гледа како во словенечки Камник по поплавите цели автомобили и катови од куќи останале затрупани под земја.

zatrupani-kukji-i-avtomobili-apokoliptichni-gletki-od-poplavite-vo-slovenija-01_copy.jpg

Невреме со силен ветер и дожд беснееше неколку денови во Словенија, а земјата неколку дена подоцна сѐ уште се справува со последиците. По силните поплави што ја зафатија земјата на 4-ти август годинава, на социјалните мрежи кружат апокалиптични сцени, кои никого не оставаат рамнодушен.

Еден од најпогодените делови во земјата е општината Камник, каде жителите неколку дена останаа отсечени од светот, затоа што се срушени неколку мостови, а жителите немаат вода за пиење затоа што е оштетен системот за водоснабдување.

Силните поплави од 4-ти август предизвикаа рушење на патиштата, ерозија на земјиштето, а неколку денови на жителите им се доставува вода за пиење со цистерни.

На социјалните мрежи од општината е објавено видео на кое се гледа дека водата со себе носела толку големо количество песок и земјен материјал што во некои делови од општината цели катови од куќи и цели автомобили се прекриени.

@avtomehanik1993

♬ original sound - avtomehanik

„Ова изгледа нереално“, „По неколку века ќе речат дека ова е нов слој од цивилизацијата“, „Сега ми е јасно како цели градови останале избришани, страшно“ – коментираат дел од оние што имаа можност да го погледнат видеото.

Инаку на Твитер масовно се споделуваат и видеа на кои се гледа како жителите масовно работат на расчистувањето на теренот во повеќе словенечки градови.

За време на поплавите пак беше објавено и едно видео на кое се гледа како двајца алпинисти што со себе имале опрема за алпинизам со јажиња извлекуваат една жена која останала заробена во автомобилот.

Исто така, речиси во сите медиуми се пренесе приказната за храбрите пожарникари кои помогнаа да се спасат 22 дечиња од градинка во Менгеш, а меѓу нив беше и Санди Зајц, кој додека им помагаше на дечињата остана без покрив на главата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Застрашувачки видеа од поплавите во Бугарија: Реки по улиците, има и загинати Додека се проценува штетата од поплавите од крајот на минатата недела, во Бугари...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Како изгледала бившата на Бака Прасе пред да стане позната и да живее луксузно во Дубаи? (фото) Откако раскинаа драматично, Бака Прасе ја обвини дека земала стероиди за да напр...

Најчитани неделава