Застрашувачки видеа од поплавите во Бугарија: Реки по улиците, има и загинати
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
Додека се проценува штетата од поплавите од крајот на минатата недела, во Бугарија има ново предупредување за обилни дождови кои повторно може да предизвикаат поплави, особено покрај Црното Море.

Во петокот (03.10) Бугарија се соочи со обилни дождови кои предизвикаа големи поплави.
Во западните делови на земјата имало врнежи од снег поради кои беа затворени многу патишта, додека на исток, поради врнежите, беше прогласена вонредна состојба.
Во околината на Бургас, поплавите однеле и три животи, од кои две лица биле спасувачи.
Според некои извори, имало и четврта жртва, додека стотици луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Состојбата во нашиот источен сосед беше толку алармантна, што дури и Македонија ја понуди својата помош.
Во објава на Твитер, бугарскиот претседател сподели дека разговарал со нашата претседателка која му кажала дека Македонија е подготвена да помогне.
Додека се проценува штетатa од поплавите, денес има предупредување за обилни врнежи во јужниот дел на Бугарија. Има предупредување и за можни поплави покрај брегот на Црното Море, а се најавуваат и нови врнежи од снег.
Деновиве на Инстаграм и Твитер беа споделени бојни морничави видеа од поплавите.
Дел од нив во продолжение:
Спирова С. | Црнобело