„Се пораѓав, затоа ме немаше вчера“ – Едита Арадиновиќ роди девојче и објави први фотки од ќерката што ќе ја одгледува сама

„Ме немаше вчера, затоа што се пораѓав, но сега сум тука, продолжуваме со содржина, само да застанам малку на нозе. Зоја, 22.07.2026“ - напиша Едита Арадиновиќ, која вчера роди ќерка, што ќе ја одгледува сама, откако се раздели со партнерот, кратко откако остана бремена. 

se-poragjav-zatoa-me-nemashe-vchera-edita-aradinovikj-rodi-devojche-ja-krsti-zoja-i-objavi-prvi-fotki-01.jpg

На почетокот на годинава, Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со Ненад Стевиќ, но кратко потоа, парот ја раскина врската, но останаа во пријателски односи.

Во 5-тиот месец од бременоста таа гостуваше во емисијата на Амиџиќ, каде откри дека се чувствува одлично.

Сега, пејачката на Инстаграм, на необичен начин им соопшти на фановите дека се породила.

Откако била еден ден отсутна од социјалните мрежи, таа денес на Стори сподели фотографија како ги држи стапалцата на бебето и напиша:

„Ме немаше вчера, затоа што се пораѓав, но сега сум тука, продолжуваме со содржина, само да застанам малку на нозе.

Зоја, 22.07.2026.

Ви благодарам добри луѓе, ова чувство е незаменливо“.

se-poragjav-zatoa-me-nemashe-vchera-edita-aradinovikj-rodi-devojche-ja-krsti-zoja-i-objavi-prvi-fotki-02.jpg

se-poragjav-zatoa-me-nemashe-vchera-edita-aradinovikj-rodi-devojche-ja-krsti-zoja-i-objavi-prvi-fotki-003.jpg

Во продолжение Едита сподели честитки од нејзините најблиски, меѓу кои и Нина Џогани, која напиша:

„Мојата најубава сестра се породи и донесе прекрасен ангел на свет. Ќе бидеш најдобра мајка на светот, ве сакам многу! Честитки!“

На ова, тазе мајката ѝ одговори: „Срце мое убаво! И јас вас, Нина ти си следна!“

se-poragjav-zatoa-me-nemashe-vchera-edita-aradinovikj-rodi-devojche-ja-krsti-zoja-i-objavi-prvi-fotki-04.jpg

Неодамна, во 8-иот месец од бременоста, таа сподели фотка од надусниците, но соопшти и дека работи на изградба на својата нова куќа, настрана од Белград, во природа, каде едвај чека да ужива со својата ќеркичка. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава