Нови снимки од хоророт во авионот на Ryanаir - Сопругата го држи Љубиша да не „излета“ низ прозорецот (видео)
- Детали
- среда, 15 јули 2026
Личност која седела веднаш спроти Љубиша и неговата сопруга Светлана во авионот, снимила како тој е со маска за кислород, додека Светлана станата од редот зад него го држи да не „излета“ низ прозорецот.

Шест дена по стравичната авионска незгода, кога се скрши прозорец во авион на Ryanair на летот од Солун до Минхен, а Србинот Љубиша Каровиќ (61) беше повлечен низ прозорецот од силата на воздушните струи, на Интернет се појави ново видео, овој пат од тоа што се случувало во самиот авион.

Личност која седела веднаш спроти Љубиша и неговата сопруга Светлана, снимила како тој е со маска за кислород, додека Светлана стои од редот зад него и го држи да не „излета“ низ прозорецот.
За тоа време, останатите патници во авионот седат на своите седишта и не покажуваат дека се во паника.

За потсетување, несреќата се случи на 10 јули, околу половина час по полетувањето на авионот, во момент кога тој летал над Македонија, но свртел и се вратил на аеродромот во Солун, од каде што полетал.
Српскиот државјанин веднаш бил хоспитализиран, во состојба на шок.

Неговата сопруга, пак, потоа изјави дека неговата глава и тело биле надвор од прозорецот на авионот од минута и пол до две, дека неколку патници се обиделе да им помогнат, го држеле Љубиша за нозе, но и дека ниедна од стјуардесите не им дошла на помош.
„Веднаш реагирав и го зграпчив за нозете. Помислив: ‘Ако умреме, ќе умреме заедно’. Беше ужасно“, рекла таа и додала дека го спасило тоа што бил врзан во моментот кога пукнало стаклото.

Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело