Туристите се жалат: Зошто во Неа Флогита властите со багери ги тргаа лежалките од плажата?

Фотографии од нелегално поставени лежалки на плажите, но и од врзани чадори и лежалки што туристите ги оставиле за да резервираат место се објавени на социјалните мрежи. Српските туристи се жалат дека властите со багери упаднале на плажата во Неа Флогита во Грција. Што се случува?

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-01.jpg

На Фејсбук групата „Грчка инфо“ каде голем број српски и македонски туристи кои во моментов се на одмор во Грција споделуваат информации за тоа што се случува таму, објавија информација дека на плажата во Неа Флогита со багер биле отстранети голем број лежалки и чадори за сонце, во рамки на акцијата за ослободување на грчките плажи.

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-02.jpg

Во коментарите се наведува дека од плажите биле одземени чадорите и лежалките и на туристите коишто се нашле на плажата.

Според информациите објавени во грчките медиуми, грчките власти во моментов спроведуваат голема акција за ослободување на грчките плажи од нелегално поставените лежалки и чадори од страна на бич баровите, но и индивидуалците кои имаат навика да ја врзат опремата со синџири за да си резервираат место за следниот ден.

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-03.jpg

Акцијата следуваше откако минатата недела голем број Грци со крпи во рацете протестираа против големиот број лежалки и опрема што се поставени на плажите нелегално и бараа да се врати „јавниот“ карактер, каде граѓаните сами ќе имаат можност да изберат на кој дел од плажата ќе го поминат денот.

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-04.jpg

Како што информира грчки Newsbomb, во последните 20-тина дена биле забележани вкупно 336 прекршоци, а биле вршени инспекции на локалните бизниси на Крит, Халкидики, на Кикладите и на Јонското Море.

Според официјалните информации, било утврдено дека голем дел од бич баровите поставувале лежалки без уредна концесија, или пак поставувале повеќе лежалки од дозволеното.

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-08.jpg

Градоначлникот на општината Неа Пропонтида во Халкидики, Манолис Карас, под чија надлежност се и плажите во Каликратија и Мудања, како и плажата во Неа Флогита во изјава за медиумите рече дека било издадено предупредување за отстранување на сите нелегално поставени лежалки.

Акцијата, како што рече ќе продолжи и во наредните денови, иако властите се соочиле со голем број реакции од присутните на плажата.

turistite-se-zhalat-na-nea-flogita-vlastite-so-bageri-gi-trgaa-lezhalkite-od-plazhata-zoshto-06.jpg

На Фејсбук се објавени повеќе фотографии од акцијата за расчистување на плажата, на која се гледа дека властите отстраниле чадори и лежалки што биле врзани со синџири на плажата и оставени за да се „резервира“ местото.

Прочитајте и Врзани чадори и столчиња, пешкири потпрени со камења – Како се „резервира“ место на плажа во Грција (иако е забрането)?

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: voria.gr

Би можело да ве интересира:

Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...
„Заради неа се изборив со своите слабости“ – Никола Роквиќ романтичен за 10-годишнина од брак „Заради неа се изборив со своите слабости... Заради неа се трудев да бидам подоб...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава