„Заради неа се изборив со своите слабости“ – Никола Роквиќ романтичен за 10-годишнина од брак
- Детали
- петок, 08 мај 2026
„Заради неа се изборив со своите слабости... Заради неа се трудев да бидам подобар човек... Заради неа го добив најголемото богатство на овој свет... Пролетаа овие првите 10 години од бракот, како издржа? Не е лошо, а, Бојана?“ - Никола Роквиќ емотивен и романтичен за 10-годишнината со саканата Бојана, со која се запознаа во Survivor.

Синот на Маринко Роквиќ, Никола, тргна по стапките на неговиот татко со музичката кариера, но во јавноста често го покажува и својот приватен живот.
Тој е во среќен брак со Бојана Баровиќ, со која се запознале за време на учеството во Survivor во 2010-та година.
Сега тие слават 10-годишнина од брак + уште 6 години колку што им трае љубовта, која ја крунисаа со три дечиња.
Бојана на Инстаграм сподели фотографија со срце со црвени рози и торта на која со јаготки пишува 10 години.
Во описот таа напиша: „10 + 6, се трпиме долго време“.
Никола пак, сподели друга фотографија со саканата и ѝ посвети емотивна и романтична објава:
„Заради неа се изборив со своите слабости...
Заради неа се трудев да бидам подобар човек...
Заради неа го добив најголемото богатство на овој свет...
Заради неа и понатаму сакам...
Заради неа се радувам на нови соништа...
Заради неа се заветив на Бог на вечност...
Пролетаа овие првите 10 години од бракот, како издржа? Не е лошо, а, Бојана?“
М. М. | Црнобело