Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сите негови скандали

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба Корели. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат на Твитер, откако беше објавено видео како босанскиот рапер среде улица ја малтрерира својата девојка.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-01.jpg

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, повторно се најде среде скандал. На порталите во регионот е објавено видео на кое се гледа како тој физички ја малтретира својата долгогодишна девојка, Петра Цупан.

На почетокот на видеото тој ја влече за коса, па продолжува да вика по неа среде улица.

Додека таа пробува да се одбрани од него, тој ги става рацете зад грб и се воздржува да не ја удри.

Додека продолжуваат да одат, на неа ѝ паѓа јакната, па таа се наведнува да ја земе. Пред крајот на видеото се гледа како раперот ѝ се внесува в лице, па тие продолжуваат да одат, пишува „pink.rs“ кој го објави вознемирувачкото видео.

Порталот пишува и дека полицијата неколкупати реагирала во нивниот дом поради вресоци, викање и кршење во нивниот дом.

Однесувањето на раперот предизвика многу негативни реакции и на социјалните мрежи.

„Таман човек ќе помисли дека Буба Корели не може да е помизерен, ќе се појави ваква вест. Тој покажува дека дното не е негова граница. Секоја чест“, пишува еден корисник на Твитер.

„Амар Хоџиќ, наркодилер и осуден криминалец е снимен како ја злоставува девојката. Првото прашање за неа е: Што бараш со тип кој со години во градот е познат како насилник? Што е со мозокот на оваа драга жена? Буба Корели не е некој од кого можеш да очекуваш нешто нормално“, вели друг.

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на неговите настапи. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-04.jpg

Корели е познат по своето насилно однесување и бројните скандали.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Осудени родителите на детето-убиец од „Рибникар“ – 14,5 години затвор за татко му, 3 години за мајка... На денешното рочиште за масакрот од „Владислав Рибникар“ од минатата година беа ...
Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Новак Ѓоковиќ нацрта срце на камерата - победата на мечот ја посвети на прегазената студентка во Бел... По напорниот меч, Новак на камерата нацрта срце и напиша „За Соња“, па победата ...
Куче-херој го пронајде исчезнатото девојче Дуња (2), по кое трагаше цела Србија Потрагата по исчезнатата Дуња (2) заврши среќно, откако куче трагач ја најде изм...
Почина сопругот на српската актерка Светлана Бојковиќ - 14 години беа неразделни Миленичката на публиката, популарната Емилија Попадиќ од серијата „Bolji ži...
Инспиративната Србинка без раце направи свадба со саканиот: „Конечно сум во венчаница“ Заљубени и среќни позираат на свадбената фотосесија, емотивен прв танц – девојка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg