Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сите негови скандали

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба Корели. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат на Твитер, откако беше објавено видео како босанскиот рапер среде улица ја малтрерира својата девојка.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-01.jpg

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, повторно се најде среде скандал. На порталите во регионот е објавено видео на кое се гледа како тој физички ја малтретира својата долгогодишна девојка, Петра Цупан.

На почетокот на видеото тој ја влече за коса, па продолжува да вика по неа среде улица.

Додека таа пробува да се одбрани од него, тој ги става рацете зад грб и се воздржува да не ја удри.

Додека продолжуваат да одат, на неа ѝ паѓа јакната, па таа се наведнува да ја земе. Пред крајот на видеото се гледа како раперот ѝ се внесува в лице, па тие продолжуваат да одат, пишува „pink.rs“ кој го објави вознемирувачкото видео.

Порталот пишува и дека полицијата неколкупати реагирала во нивниот дом поради вресоци, викање и кршење во нивниот дом.

Однесувањето на раперот предизвика многу негативни реакции и на социјалните мрежи.

„Таман човек ќе помисли дека Буба Корели не може да е помизерен, ќе се појави ваква вест. Тој покажува дека дното не е негова граница. Секоја чест“, пишува еден корисник на Твитер.

„Амар Хоџиќ, наркодилер и осуден криминалец е снимен како ја злоставува девојката. Првото прашање за неа е: Што бараш со тип кој со години во градот е познат како насилник? Што е со мозокот на оваа драга жена? Буба Корели не е некој од кого можеш да очекуваш нешто нормално“, вели друг.

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на неговите настапи. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-04.jpg

Корели е познат по своето насилно однесување и бројните скандали.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Први фотки од тајната свадба на Анастасија Ражнатовиќ и Немања – тој во Louis Vuitton панталони, таа... Цеца во прекрасен цветен фустан им посака вечна среќа на младите откако за малку...
Ела Дворник со лепенка наместо гаќи, Бадриќ блеска во бело издание – Регионалните ѕвезди на Story Ha... „Годинава носам гаќи, но овојпат беше многу занимливо да се најдат“ – рече Ела Д...
74-минутен молк со македонски знамиња во Белград – Почит за настраданите во Кочани и жртвите во Нови... „Така се прави тоа! А не со посета на интензивна нега“ – коментираат Србите под ...
Нихан од „Карасевда“ стана мајка - Со 11 години постариот сопруг добија син „Уште од детството имав чувство дека еден ден ќе имам син“ - рекла актерката, ко...
Моќни мажи, модели, спортисти - Сите љубови на Цеца Ражнатовиќ Освен за бракот со Аркан, во јавноста не се знае многу за мажите со кои Цеца бил...
Парот од Србија, прогласен за контроверзен, се пресели во Дубаи: „Сè е прескапо, дали донесовме прав... „Каков ролеркостер од емоции овие денови. Навидум сè е совршено, но всушност во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg