„Трауматично за гледање“ - Миа Костова минува низ опожарени делови од Грција + нови потресни фотографии и видеа од трагедијата

Огромна материјална штета, бројни повредени пожарникари, но и 20 жртви – пожарите во Грција пламтат веќе неколку дена по ред, а оној околу Александрополи се смета за најголемиот во историјата на Европската Унија.

traumatichno-za-gledanje-mia-kostova-minuva-niz-opozhareni-delovi-od-grcija-novi-potresni-fotografii-i-videa-od-tragedijata-01.jpg

Пожарот во областа на Александрополи се шири повеќе од шест дена и досега има отштетно површина од над 730 километри квадратни.

Магазинот Time пренесува дека надлежните го нарекуваат овој пожар „најголемиот кој е забележан во историјата на Европската Унија“.

Низ Грција беснеат и други пожари, вклучувајќи и еден голем во областа на Атина, кој пожарникарите безуспешно се обидуваат да го изгаснат неколку дена по ред.

Според надлежните, се претпоставува дека пожарите кај Атина се подметнати.

Покрај ова, рекордно високите температури и сувото време, кои се последица на климатските промени, создаваат поволна околина за проширување на пожарите.

Поради страшната состојба, во Грција пристигнаа пожарникари од други држави, а Германија, Шведска, Хрватска и Кипар испратија и авиони за гаснење.

Вчера (24.08), на враќањето од одморот во Ердек, Турција, Миа Костова сподели видео на Инстаграм Стори на кое се гледаат чад и оган:

„Огромен дел после турската граница од Грција е сосема изгорен и уште гори... Многу тажно и трауматично за гледање…“, пишува на видеото.

pozharot-vo-grcija-e-najgolem-vo-istorijata-na-evropskata-unija-potresni-fotografii-i-videa-od-tragedijata-02.jpg

И на Твитер деновиве се споделуваат многу фотографии и видеа од страшната ситуација во Грција:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Турист предупредува: „Бев на одмор во Црна Гора, наидов на рибата лав - прекрасна е, но отровна, вни... „Бидете внимателни, бидејќи може да се појави и во плитка вода. Рибата лав е мно...

Најчитани неделава