Турција не ја заборава помошта за земјотресите од Македонија - училиште ќе го носи името на нашата држава

Училиштето ќе го носи името на нашата држава, а училниците имињата на македонските градови. Како Турција се заблагодарува за помошта од нашата земја по земјотресите?

turcija-ne-ja-zaborava-pomoshta-za-zemjotresite-uchilishte-kje-go-nosi-imeto-na-nashata-drzhava-01.jpg

За време на катастрофалните земјотреси што ја потресоа Турција во февруари годинава, граѓаните од Македонија се сплотија за да им помогнат на жителите на погодените региони.

turcija-ne-ja-zaborava-pomoshta-za-zemjotresite-uchilishte-kje-go-nosi-imeto-na-nashata-drzhava-02_copy.jpg

Во знак на благодарност училиште во областа Малатија ќе го носи името на нашата држава, а секоја од училниците во објектот ќе го носи името на некои од градовите во нашата земја.

turcija-ne-ja-zaborava-pomoshta-za-zemjotresite-uchilishte-kje-go-nosi-imeto-na-nashata-drzhava-03_copy.jpg

Како што соопштуваат турските медиуми, изградбата на училиштето ќе чини околу 1 милион евра, а досега се собрани вкупно 941.000 евра.

„Црвениот крст на Република Северна Македонија по направените преговори со Турската Црвена Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија.

Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава“ – велат од Црвениот крст на Република Македонија.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Душко Тошиќ си позира со помалата ќерка во Турција, откако се огласи против Карлеуша: „Има ли крај?“ „По толку години... За што и да се зборува, Јеца постојано зборува за Душко. Има...

Најчитани неделава