„Срам да ти е и ти си нечиј син“ - Србин ги разгневи свекрвите од регионот со објава на Инстаграм

„Таа е првиот и вистински ‘господар’ на твојот сопруг. Таа е неговиот почеток, прва љубов, прво програмирање - сака секогаш да владее со синовите и тешко се носи со загубата“ – вели во својата објава српскиот лајф коуч Ненад Радибратовиќ. Зошто тој успеа да ги разгневи свекрвите од Балканот?

srpski-trener-za-razvoj-gi-razgnevi-svekrvite-od-regionot-sram-da-ti-e-i-ti-si-nechij-sin-01_copy.jpg

Ненад Радибратовиќ е српски тренер за развој кој редовно на својот Инстаграм профил објавува свои совети за подобар живот, а неговите совети за тоа како да се справите со сопругата предизвикaа лавина од реакции.

„Свекрива – водич низ нејзиниот свет и поставување граници“ – стои во насловот на објавата на оваа тема.

„Која е таа?

Голем број од тие жени ги одгледуваат своите синови за да им бидат старатели во староста.

Станува збор за неисполнети жени што секогаш бараат дежурни виновници.

Тој ден кога ќе дојдете во нивната куќа на кат, сте влегле во пештерата на мечката.

Борбата против неа е многу потешка ако нејзиниот син не е свесен за манипулацијата и постојано држи до нејзината страна. Ситуацијата станува уште потешка ако од неа барате услуги да ви ги причува децата или да подготви ручек. Дури и ако ја прифатите нејзината понуда, таа ќе го искористи тоа против вас, во одреден период“ – пишува тој.

srpski-trener-za-razvoj-gi-razgnevi-svekrvite-od-regionot-sram-da-ti-e-i-ti-si-nechij-sin-02.jpg.jpg

Според Радибратовиќ, свекрвите сакаат да владеат и постојано да го барате нивното мислење. Тие сакаат да имаат сигурност со помош на синот и да бидат подобри од снаата.

„Разговарај отворено со сопругот за тоа како се чувствуваш. Не барај и не прифаќај услуги. Постави јасни граници. Заклучувај ја вратата.

Ако и покрај сè продолжиш да трпиш насилство, затоа што тоа е насилство, напуштете го заедничкиот простор затоа што вашето ментално здравје е на прво место“ – им порача тој на снаите.

srpski-trener-za-razvoj-gi-razgnevi-svekrvite-od-regionot-sram-da-ti-e-i-ti-si-nechij-sin-03.jpg.jpg

Но, неговата објава наиде на голем број критики од страна на свекрвите кои го следат, но и на пофалби од страна на снаите кои се соочиле со ваков проблем.

„Најужасна објава на сите времиња! Страшно! Болно! Секоја мајка му го посакува најдоброто на своето дете!;

Не очекував ваква објава од ваша страна. Зошто ги делите работите само на црно и бело. Не е баш така во животот и нема вистина во оваа објава. Размислете и вие сте нечиј син;

Кој не го доживеал ова, блазе си му!;

Ова е вистина – од збор до збор!“

Што мислите вие? Може ли сите свекрви да се сведат само на оваа дефиниција.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава