Цеца мами воздишки во Монте Карло во цветен аутфит од 6.000 евра, по раскошното издание со кристали (фото)

„Преубав фустан. Неопходно враќање на женственоста“, „Преубава си!“ Овие се некои од коментарите што Цеца Ражнатовиќ ги доби за цветниот аутфит во којшто позира во Монте Карло, следниот ден откако се појави во тиркизна тоалета со кристали.

ceca-mami-vozdishki-vo-monte-karlo-vo-cveten-autfit-od-6-000-evra-po-raskoshnoto-izdanie-so-kristali-foto-01.jpg

Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве е на патување во Монте Карло, каде има работни ангажмани, а по тој повод објави видеа и фотографии на социјалните мрежи.

Облечена во елегантна тоалета со тиркизна боја и детали од кристали, Цеца изгледаше моќно додека чекореше низ хотелот на луксузниот хотел каде што е сместена.

ceca-mami-vozdishki-od-monte-karlo-luksuzna-toaleta-so-kristali-i-ednostaven-cveten-autfit-od-650-dolari-03_1.jpg

Овој аутфит многумина ги потсети на принцезите на Дизни, а во коментарите доби голем број комплименти.

„Прекрасна“, „Убавица“, „Неодолива“ – стои во дел од коментарите.

Освен тоа, пејачката објави уште една фотографија на која позира во цветен комплет од брендот Dolce & Gabbana, кој се продава по цена од 695 евра.

На себе носеше и влечки од Louis Vuitton од 1.282 евра и очила од Miu Miu од 450 евра.

За дискретниот ѓердан, таа одвоила над 3.500 евра.

ceca-mami-vozdishki-od-monte-karlo-luksuzna-toaleta-so-kristali-i-ednostaven-cveten-autfit-od-650-dolari-02.jpg

За овој аутфит таа потрошила околу 6.000 евра.

„Лето во септември“ – напиша кратко до фотографијата.

Инаку, Цеца постојано добива прашања за нејзината ќерка Анастасија, која неодамна во тајност стапи во брак со фудбалерот Немања Гудељ.

Додека многумина се обидуваат да извлечат информација за тоа кога ќе биде свадбата, Цеца само одговори:

„Престанете да зборувате за свадбата! Каква свадба, кога јас не сум информирана за тоа. Сѐ уште не е одреден датумот. Ќе видиме кога ќе биде организирана“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена отк... „Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас су...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ру... Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четврт век е во љуб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg