Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ објави фотка со дечкото, а девојка му на Огњен со трудничко стомаче на Миконос

Поранешната сопруга на Огњен Амиџиќ покажа дека ужива со новиот дечко, додека девојката на Огњен се фали со трудничкиот стомак, додека е на одмор на Миконос.

konechno-si-najde-vistinski-mazh-poraneshnata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-so-dechkoto-a-devojka-mu-se-fali-so-bremenosta-01.jpg

Неодамна актерот и ТВ водител Огњен Амиџиќ (48) потврди дека со неговата 20 години помлада девојка Мина Наумовиќ го очекуваат своето прво заедничко дете и дека тој повторно ќе стане татко, откако од бракот со манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска го доби синот Матеј.

Убавите вести ги потврди и актерот, и се знае дека Мина е во петтиот месец од бременоста, а тој рече дека веќе се знае и полот на бебето, но не сака да го сподели со јавноста затоа што сака да се увери дека информацијата е 100 отсто точна.

Инаку, тој претходно во една пригода изјави дека посакува да добие ќерка.

Откако Огњен во медиумите потврди дека по вторпат ќе стане татко и дека Мина планира периодот во бременоста да го помине зад камерите и да не се фотографира, затоа што не сакала сите да ја гледаат со труднички стомак, тие двајца заминаа на одмор на Миконос.

konechno-si-najde-vistinski-mazh-poraneshnata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-so-dechkoto-a-devojka-mu-se-fali-so-bremenosta-03.jpg

Сепак, Мина оттаму сподели фотки на кои веќе се наѕира трудничкото стомаче, а заедно позираа и за реклама за лабораторија, каде Мина се појави само во сина кошула.

konechno-si-najde-vistinski-mazh-poraneshnata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-so-dechkoto-a-devojka-mu-se-fali-so-bremenosta-02.jpg

Поранешната сопруга на Огњен, пак, Данијела Димитровска продолжи со својот живот.

Таа неодамна ја започна кариерата како ТВ водителка во српската телевизија Blic, а на Инстаграм сподели фотка со нејзиниот нов дечко, поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ, кој од неа е помлад 6 години.

konechno-si-najde-vistinski-mazh-poraneshnata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-so-dechkoto-a-devojka-mu-se-fali-so-bremenosta-04.jpg

Со објавувањето на оваа фотографија Данијела и официјално потврди дека е во врска со згодниот млад фудбалер, а голем број од нејзините следбеници коментираат дека Јеврем е многу подобар партнер за неа од Огњен.

„Баш убаво си одговарате“, „На ова момче многумина ќе му завидуваат каква девојка има. Мора да си многу добра личност кога Бог ве составил“, „Убавината и паметот секогаш одат заедно. Конечно вистински избор на маж“ – порачаа дел од нејзините следбеници.

konechno-si-najde-vistinski-mazh-poraneshnata-sopruga-na-ognjen-amidjikj-ja-objavi-prvata-fotka-so-dechkoto-a-devojka-mu-se-fali-so-bremenosta-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова ... „Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во мор...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Огњен Амиџиќ се огласи откако му се роди третото дете: „Пресреќен сум, Мина и бебето се супер“ Сопругата на Огњен Амиџиќ денес се породи во приватна клиника, а тој стана татко...
Огњен Амиџиќ и сопругата чекаат второ дете, една година по раѓањето на синот - Мина е во 6-иот месец... Популарниот водител и сопругата го добија синот Перун во 2024-та година, а до кр...

Најчитани неделава