Една година по разводот, Огњен Амиџиќ ќе стане татко – Неговата 20 години помлада девојка е во 3-тиот месец од бременоста
- Детали
- вторник, 05 септември 2023
„Нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и дека едвај чекаме да ни стигне бебето“ – изјави за српскитe медиуми, актерот и водител Огњен Амиџиќ, кој потврди дека неговата 20 години помлада девојка Мина Наумовиќ е бремена.
По разводот со убавата манекенка со Македонско потекло, Данијела Димитровска, со која има еден син, српскиот актер и водител Огњен Амиџиќ (48), ја започна врската со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ, а сега потврди и дека го очекува своето второ дете.
Како што пишува српскиот портал Telegraf.rs, Мина е во 3-тиот месец од бременоста, а парот сакал убавите вести да ги крие во тајност барем уште еден месец.
Водителот даде изјава со која ги потврди убавите вести.
„Вистина е дека јас и Мина ќе станеме родители. Не планиравме таа вест сега да излезе во јавност, но, кога веќе се знае, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и дека едвај чекаме да ни стигне бебето“ – изјави тој.
Инаку, неодамна Огњен откри дека сака да добие второ дете и негова желба е овојпат да му се роди девојче.
За потсетување, Огњен од бракот со убавата манекенка Данијела Димитровска го има синот Матеј.
Тие двајца беа во брак од 2012-та година, а се разведоа во 2022-ра.
По ова, тој ја започна врската со 20 години помладата колешка Мина Наумовиќ, која води еден сегмент во неговата емисија „Амиџи шоу“, а годинава заедно беа на патување во Турција и во Грција.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





