Една не сакала секс пред брак, со мајка на друга сними секс сцена - Кои се бившите девојки на Милош Биковиќ?

Пред врската со правничката Ивана Малиќ, со која очекува дете, Милош Биковиќ покрај себе имаше актерки и манекенки од Србија и Русија... Кои се поранешните девојки на српскиот заводник?

zgodni-akterki-i-manekenki-koi-se-bivshite-devojki-na-milosh-bikovikj-01_copy.jpg

Актерот Милош Биковиќ од 2021 година е во хармонична врска со црногорската правничка Ивана Малиќ. Парот неодамна потврди дека го чека своето прво дете и дека ова е најсреќниот период во нивните животи.

Ивана и Милош првпат се појавија заедно на премиерата „Jужни ветар 2 – Убрзање“ и оттогаш таа често го следи Милош на неговите патувања, од каде што објавуваат заеднички фотографии.

Пред врската со Ивана, Милош беше во љубов со многу познати убавици, а повеќето од нив се актерки и манекенки. И иако јавноста отсекогаш ја интригираше неговиот љубовен живот, Милош скоро никогаш не зборуваше за своите девојки, ни додека беше со нив, ни откако ќе раскинеа.

Кои се поранешните девојки на Милош?

Бранкица Себастијановиќ

На почетокот на кариерата Милош беше во врска со актерката Бранкица Себастијановиќ.

Тие глумеа брачен пар во серијата „Самац у браку“.

Беа во врска околу 4 години, а во тоа време Бранкица изјави дека немаат секс, бидејќи таа сака да остане невина додека не се омажи.

89782_milos-bikovic-brankica-sebastijanovic-samac-u-braku-promo-2_iff_copy.jpg

Ања Алач

Милош и Ања Алач, која е ќерка на актерката Весна Чипчиќ, беа во врска во студентските денови.

Откако раскинаа, таа почна да се гледа со актерот Радован Вујковиќ.

По оваа врска, медиумите повторно ја фотографираа со Милош и пишуваа дека актерите ја обновиле врската. 

Барбара Таталовиќ

За манекенката Барбара Таталовиќ многумина велеа дека е најголемата љубов на Милош.

Сепак, по некое време тие раскинаа, а српските медиуми пишуваа дека причината за ова се далечината и честите патувања поврзани со работата, поради што не можат да се гледаат.

Откако раскинаа таа кажа дека додека била со Милош, се чувствувала дека постојано манипулира со неа. Актерот никогаш не ги коментираше овие обвинувања.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава