Таткото на Карлеуша ја апсеше Цеца, Аркан ѝ се заканувал на Јелена – Зошто двете српски пејачки се во војна со години?

Вистинските проблеми за Цеца ќе следуваат во 2003-та година. Пет дена по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, јавноста во регионот беше запрепастена кога се дозна дека Цеца Ражнатовиќ е уапсена во нејзиниот дом и кога било пронајдено оружје за кое таа тврдела дека останало од Аркан.

Во моментот на апсењето во куќата на Цеца, бил и таткото на Јелена, кој во тоа време бил висок полициски службеник.

По излегувањето на слобода Цеца постојано мораше да се соочува со јавни осудувања и негативни коментари од Јелена, но се воздржуваше од коментари и речиси секогаш правдата ја бараше по судски пат.

Јелена, пак, тврдеше дека Цеца ѝ прави притисок преку медиумите и се труди да ѝ ја сруши кариерата.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-09.jpg

Последниот конфликт меѓу двете пејачки настана во 2016-та година кога Јелена даде обемно интервју за српските медиуми во кое ја обвини Цеца за убиството на нејзиниот свршеник. Изјавата во која Јелена рече дека Цеца била одговорна за смртта на нејзиниот убиен свршеник ја прелеа чашата, па Ражнатовиќ одлучи да ја бара правдата по судски пат.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-12.jpg

Цеца за медиумите накратко го коментираше интервјуто, рече дека тоа се „изјави на болна личност“ и ја тужеше за клевета.

Нивната средба во судот следната 2017-та година воопшто не помина славно. Додека судијата се обиде да ги помири, двете пејачки речиси дојдоа до физичка пресметка и меѓусебно си упатуваа навреди, по што рочиштето беше прекинато.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-13.jpg

Откако во дел од медиумите се појавија информации дека тужбата на Цеца е одбиена и дека ќе мора да плати судски трошоци, се огласи адвокатот кој рече дека овие информации не се точни и дека Цеца сега го тужи весникот што ги објавил интервјуто.

Во 2022-ра година, пак, Јелена поднесе тужба затоа што Цеца јавно изјавила дека такви изјави може да даде само „психички нестабилна личност“ и смета дека со тоа ѝ била нанесена навреда и клевета.

Очигледно е дека и по 30 години медиумската војна меѓу двете пејачки не запира.

tatkoto-na-karleusha-ja-apseshe-ceca-arkan-i-se-zakanuval-na-jelena-zoshto-dvete-najpoznati-srpski-pejachki-se-vo-vojna-so-godini-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...

Најчитани неделава