„Ме бакна, па пенетрираше со прстите во мене“ – Детали од сведочењето на Милена Радуловиќ против професорот за кого тврди дека ја силувал

Храброста да ја раскаже својата приказна ја добила дури откако две колешки ја повикале и ѝ ја раскажале својата приказна.

„Во декември, пред поднесувањето на пријавите реков дека не можам да молчам и дека се чувствувам виновна затоа што тоа не го направив досега.

Тогаш имав желба тој да не го започне второто полугодие во училиштето, затоа што знаев дека има група од 5-6 девојки, знаев дека тоа го прави подоцна, во второто полугодие и бев сигурна дека 3 од 6 девојки ќе претрпат некаков вид вознемирување“ – раскажа таа.

Инаку, Милена го пријави професорот дури во јануари 2021-ва година, а набрзо потоа тој беше уапсен.

Милена пред судницата, а и на социјалните мрежи доби максимална поддршка од колегите и другите јавни личности во Србија, но судењето беше мошне тешко, имајќи предвид дека се соочи со голем број непримерни и навредливи коментари од страна на адвокатот на обвинетиот.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-06.jpg

Судењето еднаш било прекинато, затоа што адвокатот на обвинетиот почнал да вика на судијата затоа што Милена го поправила, откако тој нејзините зборови почнал да ги цитира погрешно.

По ова следуваа голем број непримерни и вулгарни прашања.

„Дали ве кубеше за косата додека се обидуваше да ве бакне?“,

„Како можел да ве кубе кога сте имале кратка коса?“,

„Дали врескавте кога се обиде да ве бакне?“,

„Зошто не ја стиснавте силно вилицата кога ве бакнал со јазик?“,

„Како бевте облечени тој ден?“,

„Колку долг јазик има тој, како успеал да ви кружи во устата“? – се само некои од прашањата на кои Милена мораше да одговара во судницата.

me-bakna-pa-penetrirashe-so-prstite-vo-mene-detali-od-svedochenjeto-na-milena-radulovikj-protiv-profesorot-za-kogo-tvrdi-deka-ja-siluval-07.jpgфото: YouTube - принтскрин

Инаку, Милена сведочеше четврта по ред од седумте девојки што го обвинија Мирослав Мила Алексиќ за силување и сексуално вознемирување.

Прочитајте и Како Милан Мариќ ја одбрани колешката Милена Радуловиќ по погрдните коментари за секс сцените во „Тома“?

Уште неколку фотографии од Милена во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава