Носат луксузни и скапи парчиња од светски брендови - Колку чини накитот на познатите Србинки?

Милица Павловиќ, Јелена Ѓоковиќ, Александра Пријовиќ - го обожаваат накитот од Cartier, Gucci, Van Cleef & Arpels... Некои од овие парчиња се толку скапи што чинат колку еден стан, пишуваат српските медиуми. Колку чини луксузниот накит на познатите Србинки?

nosat-luksuzni-i-skapi-parchinja-od-svetski-brendovi-kolku-chini-nakitot-na-poznatite-srbinki-01_copy_copy.jpg

Специјално изработени парчиња накит, модели од лимитирани колекции, впечатливи модели – некои од најпознатите српски дами често носат луксузен накит за кој се зборува многу. 

Колку чини накитот што го обожаваат популарните Србинки?

Александра Пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ секогаш внимава на својот изглед, но и на деталите.

Кога одржа прес-конференција на која ги најави своите концерти во Белград, таа беше облечена во зелени панталони и бела блуза, а изгледот го дополни со накит од околу 130.000 евра.

Таа носеше неколку парчиња од Cartier и тоа златни обетки и синџирче, чија цена е 4.750, односно 5.450 евра од колекцијата Love.

Покрај ова имаше и две златни алки со дијаманти од колекцијата Juste un clou, кои чинат 14.400 и 5.450 евра.

Целиот изглед го дополни со дијамантска алка и прстен, за кои српските медиуми тврдат дека чинат 100.000 евра – сè заедно околу 130.000 евра.

Милица Павловиќ

Пејачката Милица Павловиќ на прославата на својот 30-ти роденден (во 2021 година) дојде облечена како холивудска дива – во светкав фустан во боја на циклама и две златни алки.

Едната е од Cartier и чини околу 8.000 евра, а другата чини околу 4.000 евра. Милица носеше и прстен кој чини 1.000 евра, пишуваа тогаш медиумите.

Јелена Ѓоковиќ

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, иако делува едноставно и скромно кога ќе се појави во јавноста, скоро секогаш носи скап накит.

Така, на завршниот мастерс во Торино 2022, кога Новак играше против Стефанос Циципас, Јелена носеше обетки од престижниот бренд Van Cleef & Arpels, од колекцијата Alhambra.

Овие обетки чинат околу 4.000 евра. Таа има неколку парчиња накит од овој познат бренд.

?

Тамара Калиниќ

Една од најпознатите српски инфлуенсерки, Тамара Калиниќ, живее во САД и често објавува фотки од луксузот во кој живее.

Во една пригода, таа објави фотка од луксузната обетка од Gucci, која е вистинско уметничко дело и чини околу 1000 евра.

Мирка Васиљевиќ

Актерката Мирка Васиљевиќ, во една емисија се појави со накит од познатите Van Cleef & Arpels и Cartier, кој заедно чини преку 68.000 евра.

Таа носеше две алки од колекцијата Cartier Love чии модели чинат 8.000 и 5.150 евра.

Носеше и трета алка Cartier, од друга колекција, која чини 8.650 евра, а прстенот е 2.280 евра.

Синџирчето, пак е од Van Cleef & Arpels, а се продава за 15.600 евра, додека алката во ист стил е 12.100 евра.

Мирка носеше и часовник Rolex од 16.000.

Во тоа време српските медиуми пишуваа дека со парите потрошени за накит, може да се купи стан во Белград.

Прочитајте и Цеца и Јелена Ѓоковиќ со обетки од 11.000 евра - Српските ѕвезди не штедат за накит

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот ... Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски покрај плажа, одвојува врем...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...

Најчитани неделава