Неда Украден изгледа совршено на плажа во бело бикини на 73 години - Која е тајната на нејзината фит линија?

Па, така на нејзиното мени најчесто има варена храна, овошје, маслиново масло и медитеранска исхрана. Неодамна таа во изјава за српските медиуми ја откри тајната за својот совршен изглед, па изјави:

„Секој ден или секој втор ден правам ‘табата’ вежби. Водам сметка колку што е возможно. Толку често сум на пат што не можам да се придржувам до сѐ, но не пушам цигари, не пијам алкохол и не се прејадувам.

Но, секако, не може да водам целосно уреден начин на живот кога сум по 7 до 8 часа на пат, но во секој случај се трудам да консумирам избалансирана исхрана.

Кога сум дома се знае дека јас готвам. Обожавам да готвам и не ми е сеедно што јадам“.

Инаку, ‘табата’ вежбите се дизјанирани од страна на Доктор Табата во 1996-та година и се наменети за луѓе што немаат премногу време и немаат секогаш пристап до теретана и реквизити за вежбање.

Потребни се најмногу околу 15-тина минути за да се заврши целосно едно вежбање, пришто секоја вежба трае околу 20 секунди, а меѓу вежбите има одмор од 8 до секунди.

Станува збор за вежби што ја користат само тежината на телото и затоа не се потребни никакви посебни реквизити, ниту пак посебен простор.

Погледнете уште неколку фотографии од Неда Украден:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Неда Украден со исповед за разводот, но и за најлошиот одмор: „Бев на Малдиви, толку е здодевно - бе... „Се излажав што не се послушав себеси и влегов во тој брак. Тој беше прекрасен ч...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава