Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ?

Пред да се заљуби во Александра, Филип, пак, беше во сериозна врска со две познати убавици – манекенката Софија Мило и актерката Маја Манџука.

Софија Мило веќе неколку години е во врска со фудбалерот Лука Јовиќ со кого има два сина.

Таа и Филип почнаа романса во 2009 година, а веќе во 2010 се свршија. И иако сите очекуваа свадба, тие ја раскинаа свршувачката.

Причината за ова беше далечината меѓу нив - Филип замина на студии во Хјустон, САД, а кариерата на Софија почна да оди во нагорна линија, и таа живееше на релација Милано - Париз - Њујорк.

beshe-svrshen-so-akterka-i-predviduvaa-svadba-so-poznat-pejach-koi-se-bivshite-na-aleksandra-prijovikj-i-filip-zhivojinovikj-04.jpg

„Нè запозна заеднички пријател. Потоа некое време се гледавме, па ‘се смувавме’.

Додека беше тука цело време го поминувавме заедно, па ни се чинеше дека сме заедно многу подолго отколку што навистина бевме“, изјави пред многу години Софија за нејзината љубов со Филип.

Врската била толку силна, што тие си ги запознале и родителите, а Филип многу ѝ се допаднал на мајката на Софија.

„Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи тој е многу фин и паметен“, изјави тогаш Софија.

Откако раскинал со Софија, Филип почнал уште една сериозна врска, која траела околу четири години – со актерката Маја Манџука. Тие со години живееле заедно во Лос Анџелес.

Во тој период Маја работела како продуцент, а Филип бил агент.  

beshe-svrshen-so-akterka-i-predviduvaa-svadba-so-poznat-pejach-koi-se-bivshite-na-aleksandra-prijovikj-i-filip-zhivojinovikj-07_copy.jpg

Медиумите повторно почнаа да пишуваат за можна венчавка, но парот раскина, а Филип се врати во Србија.

„Додека траеше нашата љубов, беше убава и бевме неразделни. Се разделивме по мали несогласувања.

Тогаш сфативме дека разликите меѓу нас се поголеми од нашите сличности.

Не се вмеша никаква трета личност, а на Филип му посакувам сè најдобро“, изјави тогаш Маја.

Брзо потоа Филип се врати во Србија и ја запозна Александра, за која неколкупати изјави дека е љубовта на неговиот живот.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
„Животот ни даде сè“ - Александра Пријовиќ објави прва фотка од ќерката - прослава во ресторан, баби... Гордата баба Борка Михајловиќ (мајката на Александра Пријовиќ) носи маица на кој...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
„Качив 10kg, станав анксиозна“ - Бившата сопруга на Игор Којиќ за проблемите по разводот Софија и Игор Којиќ се венчаа тајно, а се разведоа по само 5 месеци брак. Т...

Најчитани неделава