„Ме крена на фрижидер, ме силуваше додека децата во другата соба ја рецитираа ‘Оче Наш’“ - Милена Радуловиќ повторно на суд

Освен за овој инцидент, Милена раскажа за уште еден што се случил истата година, кога професорот ја качил на фрижидер ѝ ги тргнал гаќичките, а кога едно момче дошло до вратата, Мика ја штипнал за бутовите и ѝ наредил да го чека.

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-03_copy.jpg

Присутните во салата повторно беа згрозени од прашањата што адвокатот на Мирослав ѝ ги постави на Милена во судницата:

Адвокатот: „Велите дека се сеќавате кога сте носеле хулахопки, а кога не, затоа што Мика ви велел: ‘Сега е многу полесно’. Како ја доживувате таа реченица?“

Милена: „Може да почне да ме силува со помал напор.“

Адвокат: „А вие доаѓавте без хулахопки за да му олесните да ве силува?“

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-04.jpg

Потоа тој ја испрашувал и за силувањето врз фрижидерот, па побарал да објасни како била во полулежечка положба?

Милена: „Колковите ми беа на крајот на фрижидерот, а главата на ѕид.“

Адвокат: „Дали ви ја скина долната облека?“

Милена: „Не.“

Адвокат: „Дали му помогнавте да ве соблече без да ви ја оштети облеката?“

„Дали пенетрираше во вас за време на силувањето?“, „Дали ве лижеше или ве допираше со усните?“, „Зошто не излеговте без гаќи во ходник и да барате помош и да кажете дека сте силувани?“...

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-06.jpg

Ова се само некои од ужасните прашања што адвокатот на Мика ги постави. Голем дел од нив беа отфрлени од судот, а на крај и адвокатот заработи казна од 100.000 динари.

Милена, пак од друга страна призна дека во тој период имала суицидни мисли и сакала да посегне по сопствениот живот и дека тоа бил мошне тежок период.

me-krena-na-frizhider-me-siluvashe-dodeka-decata-vo-drugata-soba-ja-recitiraa-oche-nash-milena-radulovikj-povtorno-na-sud-07.jpg

Прочитајте и „Присуствував на судењето на Милена Радуловиќ, се згрозив од прашањата кои ѝ беа поставени – Како реагираше таа?“

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Таа блеска, син ѝ е насмеан како никогаш досега: Северина го живее најубавото лето во животот во Хрв... Таа е доказ дека кога се сака не се може и дека битката е изгубена само тогаш ко...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Северина на 35 години матура со соучениците и класниот: „Им дојдов како маскота, но сепак ми се раду... „Ова беше прекрасна матурска вечер од 35 години со овие прекрасни мали идиоти, о...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...

Најчитани неделава