„Не сакам да се натпреварувам во изгледот со моите ќерки, привилегија е да старееш природно“: Србинка со моќна изјава го освои регионот

„Пред 2 години, ќерка ми беше во шесто одделение и првпат стана свесна дека јас стареам во однос на некои мајки. Дојде и ме праша: „Мамо, зошто си ти постара отколку некоја мајка која е на твои години?“ Не ми беше пријатно. Јас воопшто не им замерувам на жените кои прават естетски корекции. Па, ѝ кажав дека не сакам да се натпреварувам со нив, дека моите ќерки треба да се млади и убави, а јас треба да бидам нивна мајка“.

denes-e-privilegija-da-stareesh-prirodno-srbinka-predizvika-pozitivni-reakcii-vo-regionot-so-svojot-stav-za-ubavinata-01.jpg

Милица Стевановиќ, лајф коуч од Србија, покрена дискусија на социјалните мрежи и предизвика низа позитивни реакции, откако објави видео на Инстаграм, во кое го објасни својот став за стареењето.

Таа гостуваше во емисија на една српска телевизија, па кажа дека не сака да се натпреварува во изгледот со своите ќерки. Но, вели, уште поважно е што старее, бидејќи нејзината мајка и блиска братучетка, за жал, ја немале таа привилегија.

Милица вели дека не размислува за естетски корекции, бидејќи на почетокот можеби ќе ѝ се допадне нејзиниот одраз во огледалото, но потоа тој ќе почне да се менува, а таа едноставно нема да може да запре со корекциите.

„Знаете ли која одлука е вистинска да направите или да не направите нешто во животот? Само таа која е во склад со вашите вредности и со она што вие сметате дека е најдобро за вас“, напиша таа на видеото што го сподели на Инстаграм.

denes-e-privilegija-da-stareesh-prirodno-srbinka-predizvika-pozitivni-reakcii-vo-regionot-so-svojot-stav-za-ubavinata-04.jpg

„Јас не можам и не сакам да се натпреварувам со своите ќерки. Знаеш, пред две години, ќерка ми беше во шесто одделение и првпат стана свесна дека јас стареам во однос на некои мајки. Таа дојде и ме праша: „Мамо, зошто си ти постара во однос на некоја мајка која е на твои години?“

И не ти е пријатно. Како може да ти биде пријатно? И размислував што да ѝ кажам, а да не биде осудувачки.

Види, јас воопшто не им замерувам на жените кои го прават тоа. Постојат фантастични жени кои работат на себе и однадвор и однатре. Ова е мој избор и јас тоа треба да му го претставам на моето дете, без да осудам друга жена.

Јас ѝ кажав дека не сакам да се натпреварувам со нив и дека мислам дека моите ќерки треба да бидат млади и убави, а дека јас треба да бидам нивна мајка.

Признав дека кога би почнала да го правам тоа, првите 5 или 15 пати најверојатно би била воодушевена, а по 55 пати не сум сигурна како би изгледала, а не би можела да запрам.

И третата, и можеби најважна работа, тоа е што јас сум среќна што воопшто стареам, бидејќи мојата мајка, за жал, ја немаше таа привилегија да остари. Ниту една моја братучетка. 

Мојот поглед на стареењето е од еден сосема друг агол, кој ми служи мене и на моите вредности“, објаснува Милица.

denes-e-privilegija-da-stareesh-prirodno-srbinka-predizvika-pozitivni-reakcii-vo-regionot-so-svojot-stav-za-ubavinata-02.jpg

Нејзиното размислување наиде на пофалби, а жените велат дека таа изгледа прекрасно, па не ѝ се потребни никакви корекции.

„Денес е навистина привилегија да остариш и да имаш внучиња“,

„Во право си, стареењето е навистина привилегија“,

„’Што ќе правам кога ќе остарам и кога нема да ми се допадне мојот одраз во огледалото? Истото што го правела и мајка ми: нема да се гледам во огледало, ќе гледам во своите деца’, рекла Моника Белучи“,

„Се згрозувам кога гледам жени кои се натпреваруваат со своите деца во изгледот“, се само дел од коментарите.

Погледнете го моќното видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...

Најчитани неделава