Иван Босиљчиќ сакаше со неа да ја замени Јелена Томашевиќ – Како изгледа денес балерината со која тој беше во врска?

Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ две години не беа заедно, а во тој период тој беше во врска со убава српска балерина. Каде е денес и како изгледа девојката со која српскиот актер имаше кратка врска пред да одлучи да ѝ се врати на Јелена и да стапи во брак со неа?

ivan-bosiljchikj-sakashe-so-nea-da-ja-zameni-jelena-tomashevikj-kako-izgleda-denes-balerinata-so-koja-toj-beshe-vo-vrska-01.jpg

Српскиот актер Иван Босиљчиќ и пејачката Јелена Томашевиќ во брак се повеќе од една деценија и важат за еден од најскладните парови во балканската јавност.

Денес ретко кој памети дека тие пред да стапат во брак имаа 2-годишна пауза во врската и постоеја гласини дека Иван беше во врска со убавата балерина Лидија Новаковиќ.

ivan-bosiljchikj-sakashe-so-nea-da-ja-zameni-jelena-tomashevikj-kako-izgleda-denes-balerinata-so-koja-toj-beshe-vo-vrska-03.jpg

Во 2009-та година почнаа пишувањата дека Иван и Јелена веќе не се заедно, а информацијата беше потврдена откако Јелена не се појави на неговиот концерт во Домот на синдикати во Белград.

Во периодот додека тие двајца не беа заедно, во српските и регионалните медиуми почнаа да осамнуваат написи дека актерот има тајна врска со една позната српска балерина, која наводно успеала да му го украде срцето.

Во дел од медиумите беа објавени фотки на кои се гледа како Иван се шета фатен за рака со една убава девојка, по што веднаш беше откриено за кого станува збор.

ivan-bosiljchikj-sakashe-so-nea-da-ja-zameni-jelena-tomashevikj-kako-izgleda-denes-balerinata-so-koja-toj-beshe-vo-vrska-04.jpg

Иван во тој период беше ѕвезда на хит-серијата „Рањени орао“, а со балерината се запознаа за време на подготовките на мјузиклот „Цигани лете у небо“, каде тој ја имаше главната улога, а Лидија беше дел од балетската поставка.

Наводно, Иван и Лидија имаа врска што траела неколку месеци, за потоа повторно да ѝ се врати на Јелена Томашевиќ, по што следуваше запросувањето во Париз и склопувањето брак.

„Никој не можеше ниту да претчувствува дека тие двајца се во врска. Никому не му беше јасно како можеа толку долго да ја кријат врската, дури и од најдрагите колеги“ – пишуваа во тој период српските медиуми.

ivan-bosiljchikj-sakashe-so-nea-da-ja-zameni-jelena-tomashevikj-kako-izgleda-denes-balerinata-so-koja-toj-beshe-vo-vrska-06.jpgЛидија Новаковиќ

Балерината со која Иван имал кратка врска е по потекло од Панчево, а средното и високото образование ги завршила во Белград. Таа од 2018-та година е постојан член на балетскиот ансамбал на Позориште на Теразијама, а била на голем број семинари и мастер класови во Србија и во странство.

Како што откри во една пригода, имала особена чест бродвејскиот кореограф Чет Вокер да ја избере и да ја покани на академија во САД:

„Тој на една од аудициите во Србија ме избра и ме покани да учествувам во летната академија во САД. Овој вид усовршување е единствен и оригинален и се одвива само во рамките на уметничката школа ‘Jacob’s Pillow’, а постигнатите резултати се презентираат на сцена во рамки на фастивал на танц“ – откри таа.

ivan-bosiljchikj-sakashe-so-nea-da-ja-zameni-jelena-tomashevikj-kako-izgleda-denes-balerinata-so-koja-toj-beshe-vo-vrska-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg