Владо Калембер е заводник и на 70 години - Роден е во Струмица, со бившата жена е пријател и денес

„Не е точно дека сум голем заводник. Кога и да испиев кафе со некоја пријателка, медиумите пишуваа дека сум во нова љубовна врска. Секогаш имав повеќе врски во медиумите, отколку во реалноста. Весниците ми „лепеа“ жени со кои не сум бил. Имаше чад, но не и оган“, изјави Владо Калембер во една пригода. Тој изгледа неверојатно и во 70-тата година од животот.

roden-e-vo-strumica-go-sakaa-zhenite-od-cela-jugoslavija-vlado-kalember-e-zavodnik-i-na-70-godini-01.jpg

Легендата на југословенската сцена, Владо Калембер, и на 70 години важи за еден од најголемите фраери меѓу музичарите. Публиката ја освои со својата харизма, специфичниот „зарипнат“ глас, но и со продорниот поглед на кој „паднаа“ многу жени.

Калембер е роден во Струмица, на 26 април 1953 година. Таму живеел многу кратко, а потоа со семејството се преселил во Загреб, каде што пораснал.

roden-e-vo-strumica-go-sakaa-zhenite-od-cela-jugoslavija-vlado-kalember-e-zavodnik-i-na-70-godini-02.jpg

Уште како дете почнал да се интересира за музика, па во 1970-тите години почнал да пее, свири и компонира.

Групата „Сребрени крила“ ја основал во далечната 1978 година, а во 1984 настапил на Евровизија со Изолда Баруџија, со песната „Ćao, amore“.

Две години подоцна почнал соло кариера и соработувал со бројни југословенски ѕвезди.

Негови најголеми хитови се „Вино на уснама“, „Ана“, „Закуни се љубави“ и многу други.

roden-e-vo-strumica-go-sakaa-zhenite-od-cela-jugoslavija-vlado-kalember-e-zavodnik-i-na-70-godini-06.jpg

Калембер беше женет со виолончелистката Ана Руцнер, со која го има синот Даријан.

Се запознале во Сплит и тајно се венчале во 2006-та година. Во 2014-та поднесоа барање за развод.

Иако одамна не се во брак, тие се и денес во добри односи и често поминуваат време заедно и објавуваат заеднички фотки.

roden-e-vo-strumica-go-sakaa-zhenite-od-cela-jugoslavija-vlado-kalember-e-zavodnik-i-na-70-godini-03.jpg

Калембер долги години го носеше епитетот на најголем заводник меѓу музичарите. Но, тој ова го демантираше.

„Постојат многу заблуди и предрасуди во светот, е една од нив е токму таа дека сум голем заводник. Кога и да испиев кафе со некоја пријателка, медиумите пишуваа дека сум во нова љубовна врска.

Секогаш имав повеќе врски во медиумите отколку во реалноста. Ако имав 22 врски, излегуваше дека се 222.

Не се жалам, но весниците ми „лепеа“ жени со кои не сум бил. Имаше чад, но не и оган“, изјави пред многу години Калембер.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Владо Георгиев на гала настан со 15 години помладата партнерка - Ретко појавување на Милица во јавно... Коментарите на социјалните мрежи се дека се преубав пар, но има и такви кои вела...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...

Најчитани неделава