Има сопруга која е неподвижна, тврди дека е со неа затоа што ја сака - Факти за словенскиот музичар Мањифико

На македонската публика ѝ стана најпознат по дуетот со бендот на К-15, познат како Дуо Трио, кога заедно ја снимија песната „Опрости извини“, а на приватен план е човек кој не сака премногу да се оддалечува од домот и сопругата – Факти што не сте ги знаеле за Роберт Пешат, попознат како Мањифико.

imashe-duet-so-k-15-ima-sopruga-koja-celosno-e-nepodvizhna-od-multipla-skleroza-fakti-za-slovenskiot-muzichar-manjifiko-01.jpg

Словенечкиот музичар Роберт Пешат на нашата јавност ѝ стана најпознат благодарение на соработката со К-15, кога заедно го снимија спотот за песната „Опрости, извини“, а потоа стекна популарност и благодарение на хитовите „Хир ај кам, хир ај го“, „Само мало“ итн.

Роберт израснал во Словенија. Мајка му била Словенка, а татко му Србин, па тој во душа се чувствува како Југословен.

Роберт нема формално музичко образование, но успеал да креира голем број хитови во Словенија и во регионот. Во 1997-ма година добил улога во словенечкиот филм „Стереотип“ и како што вели, за режисерот било логично тој да ја напише филмската музика, што му бил прв ваков обид.

imashe-duet-so-k-15-ima-sopruga-koja-celosno-e-nepodvizhna-od-multipla-skleroza-fakti-za-slovenskiot-muzichar-manjifiko-02.jpg

Подоцна ја напиша и музиката за филмот „Монтевидео - Бог те видео“, каде се најде и песната „Пукни зоро“ за која никој не верувал дека е новокомпонирана.

Мањифико во една пригода откри дека песната му била посветена на неговиот дедо, кој бил Србин по потекло и се борел на Солунскиот фронт.

Со оглед на тоа што Мањифико нема формално музичко образование, во една пригода го прашаа за тоа како успева да пишува музика, кога не ги знае нотите, а тој одговори:

„Јас не пишувам ништо. Доаѓам, свирам со бендот, пеам и снимам. Потоа разговараме понатаму, ако нешто треба да се запише, тоа го прават луѓето што знаат како да го направат, јас само диктирам“.

imashe-duet-so-k-15-ima-sopruga-koja-celosno-e-nepodvizhna-od-multipla-skleroza-fakti-za-slovenskiot-muzichar-manjifiko-03_copy.jpg

Малкумина знаат дека зад успешната кариера на Мањифико стои цврста жена, Барбара Пешут, која веќе 30 години се бори со мултипла склероза и иако може да ја мрда само едната рака и е целосно неподвижна во количка, вели дека најголема радост ѝ се деновите кога може да пишува.

imashe-duet-so-k-15-ima-sopruga-koja-celosno-e-nepodvizhna-od-multipla-skleroza-fakti-za-slovenskiot-muzichar-manjifiko-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео) „10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна н...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg