Факти за Андрија Милошевиќ: Продавал весници за да заработи нешто, едвај имал пари за храна

Најголема популарност стекна со серијата „Мешан брак“ во која имаше една од главните улоги, па оваа серија може да се смета за отскочна штица во неговата кариера.

И покрај огромната популарност, никогаш не бил препотентен, ниту пак се чувствувал дека е над другите.

Никогаш кон никој не се однесувал со непочит и смета дека тоа е воспитување кое го стекнуваме од дома.

Пријателите му помагале кога живеел во изнајмен стан во Белград, па му купиле прибор за јадење и сѐ што е потребно за дома, бидејќи не можел да си дозволи самиот да купи.

Станал продуцент тогаш кога увидел дека со својата плата не може да го истера месецот.

„Платата ми беше 210 евра, а кирија плаќав 200. Не ме прашувајте како живеев со 10 евра. Затоа и станав продуцент“, има изјавено актерот.

Во 2018 година го исполни својот долгогодишен сон и заедно со колегата Виктор Савиќ го отвори театарот „Театар на брдо“ во Белград.

Тој и неговата вереничка, актерката Александра Томиќ, за првпат се остварија во улога на родители во февруари 2022 година, кога го добија синот Релја.

Андрија е доста активен на социјалните мрежи, каде најчесто споделува хумористични видеа со неговата сопруга.

Најинтересни за публиката се видеата на кои тој ѝ додева на Александра и ѝ кажува вицеви кои самиот ги смислува, а во повеќето случаи за неа не се смешни.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...

Најчитани неделава