Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие

Малиот Марио е роден во САД, а процедурата за негово зачнување започнала пред 2 години. Марија Шерифовиќ за српските медиуми ги откри деталите за тешкиот пат што го поминала за да може да стане мајка.

site-detali-za-patot-do-majchinstvo-na-marija-sherifovikj-deteto-se-rodilo-vo-sad-imeto-na-tatkoto-ne-smee-da-go-otkrie-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) на Инстаграм објави дека станала мајка и не ја крие среќата и радоста за големиот број честитки упатени до неа.

Српските медиуми, пак, ги пренесуваат деталите за нејзиниот пат до мајчинството.

Според информациите, синот на Марија, е роден во клиника во Лос Анџелес во САД, а пејачката и нејзината мајка Верица, во моментов се таму.

Во ексклузивна изјава за Blic.rs, Марија вели дека патот до мајчинство бил мошне тежок, но дека го поминала затоа што имала голема желба да стане мајка. Нејзиниот син е роден со помош на сурогат мајка.

Откри дека пред две години поминала низ постапката за вадење на јајце клетки, а потоа и креирање на ембриони.

„По сите тие испитувања, дознав дека имам три здрави ембриони. Така се роди Марио“ – вели Марија, која нагласува дека заради потпишаниот договор со Клиниката не смее да открие кој е татко на бебето, но дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа.

Името Марио го избрала заради симболиката – потекнува од латинскиот збор mare, што значи море, или пак, marem, што значи машко или глава на семејството.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Зошто српските актери Слобода Мичаловиќ и Војин Четковиќ ги кријат ќерките од јавноста? Во брак се повеќе од 15 години, се знаат многу одамна, но се вљубија на снимањет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg